Тел.Број

070 246 691

Е-пошта

siermak@sier.org.mk

Адреса

ул.Мирче Ацев бр.6 Скопје

СИЕР Македонија на работна посета во Крагуевац: Зајакнување на регионалната синдикална соработка

  Група од околу триесет претставници на Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство на Македонија – СИЕР во периодот 15–18.11.2025 година престојуваа во работна посета во Крагуевац, Србија, како дел од програмата за регионална синдикална соработка и размена на искуства. Во рамки на посетата, претставниците на СИЕР учествуваа на заеднички семинар во организација на СИЕР, […]

Претставници на Синдикатот IF Metall од Шведска во работна посета на СИЕР Македонија

Во периодот од 11-14.11.2025, претставници на шведскиот синдикат IF Metall престојуваа во работна посета на Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство на Македонија-СИЕР. Посетата претставуваше значаен чекор во унапредување на меѓусиндикалната соработка и размена на добри практики. За време на престојот, шведската делегација оствари средба со членовите на Претседателството на СИЕР, на која се разговараше […]

СИЕР учествуваше на 4. Конгрес на IndustriALL Global Union во Сиднеј

Од 2 до 7 ноември 2025 година во Сиднеј, Австралија, се одржа 4-тиот Конгрес на IndustriALL Global Union, кој ги обедини повеќе од илјада делегати од речиси сто земји. На Конгресот присуствуваше и делегација од СИЕР, предводена од Игор Ѓерасов. Конгресот беше отворен со традиционални изведби на народите Гадигал и Маори, симболизирајќи единство, почит и […]

Праведна транзиција

  Во рамки на тековните активности на СИЕР за 2025 год. поврзани со праведната транзиција, се одржа уште еден семинар посветен на оваа тема. Тема на семинарот беше: „Процесот на праведната транзиција во Европа и нашата земја –најнови информации“, организиран од СИЕР во соработка со Olof Palme. На семинарот беа  претставени евро   пските практики […]

Рудари од Бучим и Боров Дол во работна посета на Рудникот Бор во Србија

Во периодот од 10-12 октомври 2025 година, претставници на синдикатите и група рудари од рудниците Бучим и Боров Дол од Македонија, предводени од претседателите Станко Јованов Бојан Поцев и претседателот на СИЕР Игор Ѓерасов, на покана на српскиот синдикат, остварија работна посета на Рудникот Бор во Србија. Посетата имаше за цел воспоставување на поблиска соработка […]

СИЕР на обука во Анкара – колективно договарање и синдикален дијалог

На покана на IEMF – Internayional Euroasian Metal Workers Federation од Анкара, во периодот 08-12.09.2025 год., претставници на СИЕР учествуваа на обука посветена на колективните договори и процесот на преговори, со цел унапредување на синдикалните капацитети и размена на добри практики. Во рамки на посетата, беше остварена и посета на фабриката Turkish Tractor , водечки […]

Одржани настани посветени на праведната транзиција: семинар и панел-дискусија

Во рамки на тековните активности поврзани со праведната транзиција, во периодот  20-22.06.2025 год. во Битола се одржаа два значајни настани посветени на оваа тема. Семинар на тема: „Процесот на праведната транзиција во Европа и нашата –најнови информации“, организиран од СИЕР, со предавач Corinna Zierol, претставник од IndustriAll Europe. Таа ги претстави европските практики и улогата […]

Честитка по повод 28 Август – Успение на пресвета богородица и Денот на рударите

Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство на Македонија- СИЕР им   го честита големиот празник  28 Август – Успение на пресвета богородица на сите граѓани од православна вероисповед, со желби за добро здравје и благосостојба. СИЕР на сите рудари по повод  Денот на рударите 28 Август упатува  искрени честитки и изразува длабока почит за нивната посветена […]

4.Конгрес на IndustriAll Europe

Во периодот 02-06.06.2025 год. во Будимпешта се одржа 4.Конгрес на IndustriAll Europe. На конгресот присуствуваа повеќе од 500-тини делегати од 35 држави. Претставниците на синдикатите застанаа во одбрана на правата  на работникот и истакнување на демократските вредности. Всушност, конгресот се одржува во Будимпешта со цел да се искаже солидарност према синдикалците кои се под голем […]

РАБОТИЛНИЦА НА СЕКЦИЈАТА НА ЖЕНИ НА СИЕР

Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство на Македонија-СИЕР, со подршка на Olof Palme International Center од Шведска, во периодот од 23-25.05.2025 год.   во Охрид  одржа работилница на тема: Менаџирање со време. Предавач беше Марија Конеска психолог, психотерапевт, интернационален сертицифиран Едукатор и Тренер и експерт по обука и развој на вработени  и стратешки програми за човечки […]