Тел.Број

070 246 691

Е-пошта

siermak@sier.org.mk

Адреса

ул.Мирче Ацев бр.6 Скопје

СИЕР учествуваше на 4. Конгрес на IndustriALL Global Union во Сиднеј

Од 2 до 7 ноември 2025 година во Сиднеј, Австралија, се одржа 4-тиот Конгрес на IndustriALL Global Union, кој ги обедини повеќе од илјада делегати од речиси сто земји. На Конгресот присуствуваше и делегација од СИЕР, предводена од Игор Ѓерасов.

Конгресот беше отворен со традиционални изведби на народите Гадигал и Маори, симболизирајќи единство, почит и солидарност. Лидерите на глобалното синдикално движење упатија силни пораки за заштита на работничките права, борба против нееднаквоста и потребата од организирање за праведна иднина.

Новoизбран  претседател на IndustriALL Global Union е Christiane Benner а генерален секретар е повторно Atle Høie.

 

Австралискиот премиер Ентони Албанезе истакна дека „никој не смее да биде оставен зад себе“, поддржувајќи ги вредностите на достоинствен труд и социјална правда.

Делегацијата на СИЕР активно учествуваше во пленарните сесии и дебатите за акциониот план, придонесувајќи кон глобалните напори за подобри услови за работниците. Учеството на СИЕР ја зацврсти посветеноста на синдикатот кон меѓународната солидарност и пренесување на добрите практики во Македонија.

Сподели:

Слични објави

НОВОСТИ

Претседателот на СИЕР, Игор Ѓерасов, учествуваше на 62. седница на Централниот комитет на Евроазиската федерација на металските работници

Претседателот на Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство на Македонија (СИЕР), Игор Ѓерасов, учествуваше на 62. седница на Централниот комитет на Меѓународната евроазиска федерација на

Повеќе »
НОВОСТИ

18.Конгрес на СИЕР

Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство на Македонија – СИЕР, го одржа својот редовен 18.Конгрес на 26.09.2026 година во Хотелот Десарет во Охрид. На конгресот

Повеќе »
НОВОСТИ

Честитка

Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство на Македонија- СИЕР им го честита големиот празник 28 Август – Успение на пресвета богородица на сите граѓани од

Повеќе »

Контактирајте не