
Во рамки на тековните активности на СИЕР за 2025 год. поврзани со праведната транзиција, се одржа уште еден семинар посветен на оваа тема.
Тема на семинарот беше: „Процесот на праведната транзиција во Европа и нашата земја –најнови информации“, организиран од СИЕР во соработка со Olof Palme. На семинарот беа претставени евро
пските практики и улогата на синдикатите во обезбедување социјално одговорна транзиција.

На настанот учествуваа членови на СИЕР со цел директно да се вклучат во дискусијата и да придонесат со свои искуства и предлози.
Семинарот беше насочен кон унапредување на свеста и подобро разбирање на процесот на транзицијата, со посебен акцент на улогата и правата на работниците.
Овој настан е само еден чекор напред кон транзиција, во која работниците, заедниците и институциите се вистински партнери во процесот.





