Во рамки на посетата и средбите со синдикалните организации, претседателот на СИЕР, Игор Ѓерасов, заедно со претставници на IFMETAL од Шведска, ССС Град Суботица и Фондацијата Олоф Палме, ја посетија Синдикалната организација на Макстил и остварија средба со претседателот на синдикалната организација, Ивица Велечковски.
На средбата присуствуваа Зоран Станиќ и Санел Чатиќ од IFMETAL од Шведска, Саша Антуновиќ, Ружа Костиќ и Борис Шпања од ССС Град Суботица, како и Левенд Бицаку и Данило Милиќ од Фондацијата Олоф Палме.
Во пријателска и конструктивна атмосфера, се разговараше за актуелните предизвици со кои се соочуваат работниците, условите за работа, заштитата и унапредувањето на работничките права, како и за значењето на силното синдикално организирање и заедничкото дејствување.
Посебен акцент беше ставен на улогата на синдикалната организација во заштитата на интересите на работниците, размената на искуства и добри практики, како и на потребата од постојана комуникација, единство и солидарност меѓу синдикатите и работниците.
Посетата беше уште една можност за зајакнување на меѓународната синдикална соработка и размена на искуства во борбата за подобри услови за работа, достоинствени плати и поголема заштита на работничките права.
Силниот синдикат се гради меѓу работниците – заедно, солидарно и организирано!




