ЗА НАС
Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство на Македонија-СИЕР е самостојна, непрофитна, демократска и независна организација на работниците од индустријата, енергетиката и рударството во која доброволно се здружуваат заради застапување, претставување и заштита на своите економски, социјални и други поединечни и колективни права.
Пристапувањето е доброволно.
СИЕР е независен од Владата, државните органи, политичките партии, работодавачите и нивните здруженија, верските организации и други органи и организации во државата.
Синдикатот се залага за изградба на слободна, демократска, социјална и правна држава и делува во рамките на уставното уредување на државата и за слободно, организирање и здружување во сојузи и други форми на здружување на доброволна основа, заради обезбедување и зголемување на минималните стандарди на правата по основ на трудот, утврдени со Уставот и важечките закони на Македонија.
Синдикатот слободно се здружува во меѓународни синдикални организации организирани од синдикати на истите и други дејности кои ги опфаќа Синдикатот на национално ново и се залага за солидарно дејствување и помагање во утврдувањето, унапредувањето и остварувањето на минималните стандарди од областа на трудот утврдени со Конвенциите и препораките на МОТ и други документи на меѓународното право.