Во периодот од 10-12 октомври 2025 година, претставници на синдикатите и група рудари од рудниците Бучим и Боров Дол од Македонија, предводени од претседателите Станко Јованов Бојан Поцев и претседателот на СИЕР Игор Ѓерасов, на покана на српскиот синдикат, остварија работна посета на Рудникот Бор во Србија.
Посетата имаше за цел воспоставување на поблиска соработка и поврзување помеѓу рударските синдикати од двете земји, размена на искуства и поттикнување на заеднички активности за унапредување на работничките права, безбедноста и условите за работа во рударскиот сектор.

Во рамки на посетата, македонската делегација имаше можност да се запознае со работата на Рудникот Бор, условите за работа, како и синдикалната организација и активности на нивните српски колеги. Разменети беа искуства и идеи за зајакнување на синдикалното делување преку регионална соработка и солидарност.
Оваа посета претставува важен чекор кон создавање на трајни врски помеѓу рударите и синдикатите од Македонија и Србија, со заедничка цел – подобрување на статусот и заштитата на рударите во целиот регион.





