На покана на IEMF – Internayional Euroasian Metal Workers Federation од Анкара, во периодот 08-12.09.2025 год., претставници на СИЕР учествуваа на обука посветена на колективните договори и процесот на преговори, со цел унапредување на синдикалните капацитети и размена на добри практики.
Во рамки на посетата, беше остварена и посета на фабриката Turkish Tractor , водечки производител на трактори во Турција, каде што учесниците имаа можност директно да се запознаат со условите за работа, синдикалното организирање и моделите на социјален дијалог во пракса.
СИЕР изразува голема благодарност до синдикатот Турк Метал и до претседателот Uysal Altunda за топлиот прием и можноста да бидеме дел од нивната програма. Им посакуваме уште многу успеси во нивната понатамошна работа.
Оваа меѓународна соработка претставува уште еден чекор во зајакнувањето на синдикалната солидарност и учење од позитивни искуства од други земји.





