Тел.Број

070 246 691

Е-пошта

siermak@sier.org.mk

Адреса

ул.Мирче Ацев бр.6 Скопје

СИЕР Македонија на работна посета во Крагуевац: Зајакнување на регионалната синдикална соработка

 

Група од околу триесет претставници на Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство на Македонија – СИЕР во периодот 15–18.11.2025 година престојуваа во работна посета во Крагуевац, Србија, како дел од програмата за регионална синдикална соработка и размена на искуства.

Во рамки на посетата, претставниците на СИЕР учествуваа на заеднички семинар во организација на СИЕР,  Здружението на граѓани „Нова светлост“ – Крагуевац, во соработка со ССМС и Синдикатите на ФИАТ и  Застава оружје, Крагуевац. Семинарот имаше за цел да отвори простор за дискусија за актуелните предизвици во индустриските сектори во регионот и да го зајакне меѓусиндикалниот дијалог.

Делегацијата ја посети и фабриката FIAT во Крагуевац, како и фабриката Застава оружје, каде што се запозна со условите за работа, синдикалното организирање и предизвиците со кои се соочуваат работниците во овие индустриски капацитети.

На работните средби со синдикалните претставници од Србија се разговараше за продлабочување на синдикалната соработка, со акцент на:

  • размена на искуства во борбата за подобри работнички права,
  • зачувување и унапредување на работните места,
  • обезбедување достоинствена плата,
  • изградба на заеднички пристап во справувањето со индустриските предизвици.

Посетата претставува важен чекор во регионалното поврзување на синдикатите, со цел создавање посилно, одржливо и солидарно работничко движење на Балканот.

   

Сподели:

Слични објави

НОВОСТИ

Претседателот на СИЕР, Игор Ѓерасов, учествуваше на 62. седница на Централниот комитет на Евроазиската федерација на металските работници

Претседателот на Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство на Македонија (СИЕР), Игор Ѓерасов, учествуваше на 62. седница на Централниот комитет на Меѓународната евроазиска федерација на

Повеќе »
НОВОСТИ

18.Конгрес на СИЕР

Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство на Македонија – СИЕР, го одржа својот редовен 18.Конгрес на 26.09.2026 година во Хотелот Десарет во Охрид. На конгресот

Повеќе »
НОВОСТИ

Честитка

Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство на Македонија- СИЕР им го честита големиот празник 28 Август – Успение на пресвета богородица на сите граѓани од

Повеќе »

Контактирајте не