Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство на Македонија-СИЕР, со подршка на Olof Palme International Center од Шведска, во периодот од 23-25.05.2025 год. во Охрид одржа работилница на тема: Менаџирање со време.
Предавач беше Марија Конеска психолог, психотерапевт, интернационален сертицифиран Едукатор и Тренер и експерт по обука и развој на вработени и стратешки програми за човечки ресурси.
На работилницата се обрна внимание на предизвиците на современото работно опкружување поврзани со управување со време, справување со стрес и зачувување на психолошката стабилност, со цел постигнување на поголема работна ефикасност и ментална благосостојба.
Се надеваме дека успавме да им помогнеме на нашите членки да ги направат првите чекори по патеката на ефикасно управување со време која води кон намален стрес и поголема лична сатисфакција, при тоа осврнувајќи се на клучните компоненти: планирање и поставување приоритети, делегирање задачи, одбегнување на одложување, фокус и елиминација на пречки и ревизија на работниот ден.
Темата предизвика голем интерес кај присутните учеснички.
Им се заблагодаруваме на учесничките на работилницата и секако на прекрасната Марија Конеска за нивната подршка во реализација на оваа работилница.





