Самостојниот синдикат на металските работници на Србија -ССМС оствари работна посета на Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство на Македонија – СИЕР во периодот од 25-28.03 2026 година.

Средбата меѓу претставниците на металските синдикати од Србија и Македонија се одржа во Охрид, каде што во пријателска и конструктивна атмосфера се разговараше за актуелните предизвици и практики во синдикалното организирање и делување.
Во рамките на посетата беше реализирана и посета на компанијата ЛТХ Леарница – Охрид, чии вработени се долгогодишни членови на СИЕР. Претставниците имаа можност директно да се запознаат со условите за работа и синдикалното организирање во компанијата.
Средбата помина во одличен дух, со размена на искуства и добри практики, како и со изразена заедничка заложба за продлабочување на соработката и во иднина.






