Синдикалната делегација присуствуваше на 11. Конгрес на Турскиот синдикатТурк Метал и Металската федерација на Турција (УАМИФ), кој се одржа во периодот од 05-09.03.2026 година.

На Конгресот, за претседател повторно беше избран досегашниот лидер Uysal Altundag, на што му упатуваме искрени честитки и желби за успешна работа во новиот мандат.
Во рамки на настаните беше одржан и 31. Собир на Женската секција, по повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, на кој учествуваа околу 500 жени членки од Турција, како и гости од странство.

Одбележувањето на Денот на жената беше збогатено со панел дискусија посветена на улогата на жените во синдикалното движење и општеството, како и со театарска претстава, што придонесе за свечена и инспиративна атмосфера.
Присуството на овој значаен меѓународен настан претставува уште една потврда за соработката и зајакнувањето на синдикалните врски на меѓународно ниво.




