Тел.Број

070 246 691

Е-пошта

siermak@sier.org.mk

Адреса

ул.Мирче Ацев бр.6 Скопје

Претставници на Синдикатот IF Metall од Шведска во работна посета на СИЕР Македонија

Во периодот од 11-14.11.2025, претставници на шведскиот синдикат IF Metall престојуваа во работна посета на Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство на Македонија-СИЕР. Посетата претставуваше значаен чекор во унапредување на меѓусиндикалната соработка и размена на добри практики.

За време на престојот, шведската делегација оствари средба со членовите на Претседателството на СИЕР, на која се разговараше за организациската структура, предизвиците со кои се соочува синдикатот и можностите за идни заеднички активности. Средбата претставуваше прв важен чекор во воспоставување подлабока и континуирана соработка меѓу двата синдиката.

Во рамки на престојот, делегацијата од Шведска ја посети фабриката Макстил во Скопје, каде на терен се запознаа со производните процеси и условите за работа. Работната средба со синдикалните претставници во компанијата овозможи корисна размена на искуства и практики од Шведска и Македонија.

Остварена е средба на синдикални претставници од АДИЕНТ  Штип и од АДИЕНТ Шведска.

И СИЕР и IF Metall ја изразија својата намера за продолжување на соработката во иднина, со очекување во наредниот период да се реализираат средби и со други синдикални организации, со цел продлабочена размена на искуства и зајакнување на меѓународната синдикална солидарност.

Оваа посета претставува важен чекор во јакнењето на меѓународната синдикална солидарност и развојот на практики што придонесуваат за подобри услови на работа.

Сподели:

Слични објави

НОВОСТИ

Претседателот на СИЕР, Игор Ѓерасов, учествуваше на 62. седница на Централниот комитет на Евроазиската федерација на металските работници

Претседателот на Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство на Македонија (СИЕР), Игор Ѓерасов, учествуваше на 62. седница на Централниот комитет на Меѓународната евроазиска федерација на

Повеќе »
НОВОСТИ

18.Конгрес на СИЕР

Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство на Македонија – СИЕР, го одржа својот редовен 18.Конгрес на 26.09.2026 година во Хотелот Десарет во Охрид. На конгресот

Повеќе »
НОВОСТИ

Честитка

Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство на Македонија- СИЕР им го честита големиот празник 28 Август – Успение на пресвета богородица на сите граѓани од

Повеќе »

Контактирајте не