Тел.Број

070 246 691

Е-пошта

siermak@sier.org.mk

Адреса

ул.Мирче Ацев бр.6 Скопје

Семинар за деловна комуникација и управување со конфликти во организација на Секцијата на жени при СИЕР

 

Во периодот од 12 –14.12.2025 год., Гранковиот синдикат СИЕР во соработка со Olof Palme од Шведска одржа семинар за членките на Секцијата на жени при СИЕР, на тема:

„Деловна комуникација – конфликти на работно место и нивно надминување“.

Предавач на семинарот беше Ирина Пандилова Митев.

Целта на семинарот беше унапредување на комуникациските и личните вештини на учесничките, со посебен фокус на препознавање, разбирање и ефикасно управување со конфликтите во работната средина.

Програмата ги опфати следните содржини:

  • Поим и функции на комуникацијата;
  • Поим и типови на конфликти на работното место;
  • Комуникациски вештини за решавање конфликти;
  • Техники за смирување на ситуација;
  • Стратегија за решавање конфликти;
  • Практични алатки за превенција на конфликти.

Значаен дел од семинарот беше посветен на активна дискусија и размена на искуства меѓу учесничките, при што беше отворено прашањето: „Со какви конфликти се соочуваме на работното место?“. Преку практични примери, интерактивни дискусии и анализи на реални ситуации, учесничките се запознаа со   конкретни насоки и алатки за конструктивно справување со конфликти, подобрување на меѓучовечките односи и градење на позитивна работна атмосфера.

Со реализацијата на овој семинар, СИЕР и Секцијата на жени при СИЕР уште еднаш ја потврдија својата посветеност на континуирана едукација, зајакнување на капацитетите на жените и унапредување на културата на дијалог, соработка и заемно почитување на работните места.

Сподели:

Слични објави

НОВОСТИ

Претседателот на СИЕР, Игор Ѓерасов, учествуваше на 62. седница на Централниот комитет на Евроазиската федерација на металските работници

Претседателот на Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство на Македонија (СИЕР), Игор Ѓерасов, учествуваше на 62. седница на Централниот комитет на Меѓународната евроазиска федерација на

Повеќе »
НОВОСТИ

18.Конгрес на СИЕР

Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство на Македонија – СИЕР, го одржа својот редовен 18.Конгрес на 26.09.2026 година во Хотелот Десарет во Охрид. На конгресот

Повеќе »
НОВОСТИ

Честитка

Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство на Македонија- СИЕР им го честита големиот празник 28 Август – Успение на пресвета богородица на сите граѓани од

Повеќе »

Контактирајте не