Во рамки на тековните активности поврзани со праведната транзиција, во периодот 20-22.06.2025 год. во Битола се одржаа два значајни настани посветени на оваа тема.
Семинар на тема: „Процесот на праведната транзиција во Европа и нашата –најнови информации“, организиран од СИЕР, со предавач Corinna Zierol, претставник од IndustriAll Europe. Таа ги претстави европските практики и улогата на синдикатите во обезбедување социјално одговорна транзиција.
На настанот учествуваа членови на СИЕР од засегнати компании, како РЕК Битола, со цел директно да се вклучат во дискусијата и да придонесат со свои искуства и предлози.
Во истиот период, се одржа и панел-дискусија на тема: Работникот во фокусот на праведната транзиција, во организација на МКЦ Битола и Локално економско-социјалниот совет на Општина Битола. Настанот беше насочен кон унапредување на свеста и подобро разбирање на процесот на транзицијата, со посебен акцент на улогата и правата на работниците.

Овие настани се чекор напред кон инклузивна и информирана транзиција, во која работниците, заедниците и институциите се вистински партнери во процесот.




