На покана од Самостојниот синдикат на металците на Србија ССМС, СИЕР за прв пат учествуваше на нивните спортски игри кои се одржаа на Тара во периодот 28.08.-1.09.2024. СИЕР учествуваше во дисциплината мал фудбал. Екипата беше оформена од играчи од следниве синдикални организации:
МАКСТИЛ – Бојан Неделковски, Александар Божинов и Бобан Бојковски
ЛИБЕРТАС – Јасин Исмаил
РЕК БИТОЛА – Тихомир Груевски и Николче Јовановски
РУДНИК САСА -Бобан Атанасовски
Овие прекрасни играчи, професионалци, другари, кои се покажаа kako позитивни, ведри, борбени, истрајни, на најдостоинствен начин ja претставија матичната организација и Македонија пред екипите од Србија. Спортскиот дух и прекрасната игра која ја покажаа на фудбалскиот терен , ги доведе до освојување на второто место во мал фудбал.
Врвот на целокупниот настан беше голманот Бобан Атанасовски-Зомби од Рудник САСА кој сосема оправдано беше прогласен за најдобар голман на овие спортски игри. Тој млад човек со неговата енергија, спремност, брзина, хуманост и широка харизматична насмевка ги освои срцата на сите присутни на спортските игри.
СИЕР им честита на постигнатиот успех.








