Тел.Број

070 246 691

Е-пошта

siermak@sier.org.mk

Адреса

ул.Мирче Ацев бр.6 Скопје

СИЕР И ССМ ВО ПОСЕТА НА СИНДИКАТОТ ВО РЕК БИТОЛА

Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов и Претседателот на СИЕР Игор Ѓерасов, денеска го посетија Синдикатот во ЕСМ ( Синдикалната организација при АД ЕЛЕМ), РЕК Битола и дадоа поддршка на активностите кои ги презема Синдикатот, а особено за истакнување зголемувањето на платите од почетокот на оваа година и потпишаниот Колективен договор на АД во државна сопственост за производство на електрична енергија ЕСМ- Скопје, обезбедувањето на 460 работни места со бенифициран стаж, обезбеден оброк за секој работник, право на К-15 во висина од 100% и др.
Истовремено, СИЕР – Синдикална организација АД ЕЛЕМ со цел овозможување на поголема достапност на работниците и членовите, покрај канцелариите во РЕК Битола, отвара и канцеларии во рудникот Суводол и во центарот на Битола, а во наредниот период канцеларии ќе бидат отворени во сите организациони единици во кои до сега немаше отворено канцеларии.
СИЕР – Синдикална организација АД ЕЛЕМ е репрезентативен синдикат кој брои повеќе од 3.900 членови, работници во АД ЕСМ, а ССМ и СИЕР нема да дозволат напади кои ќе имаат за цел намалување на работничките права и ќе се спротистават на сите притисоци врз работниците во следниот период.
All reactions:

83

Сподели:

Слични објави

НОВОСТИ

Претседателот на СИЕР, Игор Ѓерасов, учествуваше на 62. седница на Централниот комитет на Евроазиската федерација на металските работници

Претседателот на Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство на Македонија (СИЕР), Игор Ѓерасов, учествуваше на 62. седница на Централниот комитет на Меѓународната евроазиска федерација на

Повеќе »
НОВОСТИ

18.Конгрес на СИЕР

Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство на Македонија – СИЕР, го одржа својот редовен 18.Конгрес на 26.09.2026 година во Хотелот Десарет во Охрид. На конгресот

Повеќе »
НОВОСТИ

Честитка

Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство на Македонија- СИЕР им го честита големиот празник 28 Август – Успение на пресвета богородица на сите граѓани од

Повеќе »

Контактирајте не