СИЕР испраќа срдечни честитки по повод Меѓународниот ден на жената, 8-ми Март на сите жени, мајки, баби, колешки, членки на СИЕР, кои со својата несебична љубов, храброст, истрајност, пожртвуваност и секојдневна борба со познатото и непознатото допринесуваат за напредок и рамноправност на сите полиња во општеството.
Синдикатот и жената се како едно, секогаш први на бојното поле, целосно посветени, пожртвувани во остварувањето на поставената цел пред себе – за подобри услови за живот и работа, заштита на своето и најблиското, остварување на квалитет пред квантитет..
Нека овој ден ви биде исполнет со љубов, смеа и радост, верувајте во себе и бидете горди на тоа што сте. Главата горе!
Од се срце ви посакуваме, секој ден во годината да го живеете и празнувате како денешниот ден, да бидете среќни, весели и насмеани, да бидете ценети, почитувани и сакани, прославувајте го секој миг поминат со вашите најблиски, најдраги и најсакани.




