Meѓународната Евроазиска Федерација на металските работници, во периодот 02-05.09.2024 год. го одржа 58-миот состанок на Централниот комитет на кој присуствуваа претставници од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Турција, Русија, Украина, Узбекистан, Албанија, Белорусија, Молдавија, Киргистан, Азербејџан и други. Состанокот го отвори претседателот на IEMF и на Турк Метал, Uysal Altundağ. Присутни беа и генералниот секретар Murat Salar I Turajon Raupov, заменик генерален секретар.
На состанокот се дискутираше за моменталната состојба во металскиот сектор во земјите членки на IEMF. На наше големо задоволство, одобрено е барањето на Самостојниот синдикат на металците на Србија –ССМС за влез во членството на IEMF.
Воедно, оваа година се одбележа и 30 годишница од постоењето на Меѓународната Евроазиската федерација на металските работници. Основана е 1994 год. од пет Евроазиски синдикати, во многу тешки и ни малку оптимистички времиња за нивното постоење и делување. Но, благодарение на упорната и макотрпната борба на синдикатите и нивните членови, ова семејство во текот на годините се повеќе растеше и зајакнуваше. Оваа година федерацијата претрпе и голема загуба на нивниот претседател Pevrul Kavlak, кој ја загуби битката со тешката болест. На 57-миот состанок на Централниот комитет избран е новиот претседател Uysal Altundağ, перспективен, храбар, млад човек со визија за напредок на иднината на федерацијата, во синдикалната борба за заштита на човековите права и достоинство.
Им посакуваме светла иднина, просперитет и уште многу успешни приказни.





