
Претседателот на Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство на Македонија (СИЕР), Игор Ѓерасов, учествуваше на 62. седница на Централниот комитет на Меѓународната евроазиска федерација на металските работници (International Eurasian Metalworkers Federation), која се одржа на 10 ноември 2026 година во Ташкент, главниот град на Република Узбекистан.

На седницата учествуваа претставници на синдикалните организации – членки на Федерацијата, со цел разгледување на прашања од заеднички интерес и размена на искуства и ставови за актуелните предизвици со кои се соочуваат синдикатите во металската индустрија.

Учеството на СИЕР на овој меѓународен синдикален настан претставува можност за одржување и унапредување на меѓународната синдикална соработка, размена на искуства и зајакнување на солидарноста меѓу синдикатите во регионот и пошироко.

СИЕР продолжува активно да учествува во меѓународните синдикални активности, застапувајќи ги интересите и правата на работниците од индустријата, енергетиката и рударството.




