Со длабока тага ја примивме веста за смртта на Благоја Станоевски, еден од
претседателите на Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство на Македонија
(СИЕР).
Благоја Станоевски остави значаен белег во синдикалното движење, посветувајќи голем
дел од својот професионален и општествен ангажман на заштитата и унапредувањето на
работничките права. Со својата принципиелност, одговорност и посветеност даде значаен
придонес во развојот и зајакнувањето на синдикалното организирање во дејностите што
денес ги обединува СИЕР.
Неговиот придонес ќе остане трајно вграден во историјата на нашиот синдикат, а
споменот за него ќе продолжи да живее преку вредностите за кои се залагаше –
солидарност, правда и достоинство на трудот.
Во овие тешки моменти, до неговото семејство, пријателите и сите кои го познаваа
упатуваме искрено сочувство.
Нека почива во мир.

Претседателот на СИЕР, Игор Ѓерасов, учествуваше на 62. седница на Централниот комитет на Евроазиската федерација на металските работници
Претседателот на Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство на Македонија (СИЕР), Игор Ѓерасов, учествуваше на 62. седница на Централниот комитет на Меѓународната евроазиска федерација на



