Тел.Број

070 246 691

Е-пошта

siermak@sier.org.mk

Адреса

ул.Мирче Ацев бр.6 Скопје

14-ТИ РАБОТНИЧКИ СПОРТСКИ ИГРИ НА СИЕР

14-тите РСИ на СИЕР, традиционално се одржаа во Хотел Десарет, Охрид во периодот од 12-15.06.2025 год. На овие игри учествуваа околу 400-тини членови од Синдикалните организации во состав на СИЕР:

  1. СО ПРИ ЛИБЕРТИ, СКОПЈЕ
  2. СО ПРИ РАФИНЕРИЈА ОКТА, СКОПЈЕ
  3. СО ПРИ ВАБТЕК МЗТ, СКОПЈЕ
  4. СО ПРИ РУДНИК САСА, МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА
  5. СО ПРИ ГОЛДЕН ИГЛ НИКЕЛ, КАВАДАРЦИ
  6. СО ПРИ РАДЕ КОНЧАР КОНТАКТОРИ И РЕЛЕИ, СКОПЈЕ
  7. СО ПРИ ЛТХ ЛЕАРНИЦА, ОХРИД
  8. СО ПРИ ТАБ-МАК, ПРОБИШТИП
  9. СО ПРИ ЈУГОХРОМ ФЕРОАЛОЈС, ЈЕГУНОВЦЕ
  10. СО ПРИ МЕРМЕРЕН КОМБИНАТ, ПРИЛЕП
  11. СО ПРИ АД ЕЛЕМ , СКОПЈЕ
  12. СО ПРИ АД ЕЛЕМ ДООЕЛ ФОД – ФОРТ НОВАЦИ (КИЧЕВО)
  13. СО ПРИ АДИЕНТ СЕАТИНГ, ШТИП
  14. СО ПРИ ЕСМ СДП, СКОПЈЕ
  15. СО ПРИ МЕПСО , СКОПЈЕ
  16. СО ПРИ МАКСТИЛ, СКОПЈЕ

 

И оваа година на работничките спортски игри на СИЕР, учество зедоа и претставници од Самостојниот синдикат на металците од Србија- ССМС предводени од претседателот Зоран Марковиќ. ССМС.

Голема благодарност до ССМС за нивното присуство на овие РСИ, на прекрасната дружба, забавата, подигање на спортски дух и со искрена желба овие игри да бидат само почеток на една долга приказна на зедничко дружење и соработка.

Учесниците се натпреваруваа во осум дисциплини: мал фудбал, шах, пинг-понг, пикадо, слободни и тројки, влечење јаже, одбојка и табла.

Учесниците, и овој пат докажаа дека се луѓе со спортски дух, фер игра и секогаш спремни за добра забава. СИЕР им се заблагодарува на учеството и им честита на постигнатите успеси.

 

На овие игри присуствуваше и претседателот на ССМ Слободан Трендафилов. Му се заблагодаруваме на укажаната чест и внимание.

 

 

 

 

Сподели:

Слични објави

НОВОСТИ

Претседателот на СИЕР, Игор Ѓерасов, учествуваше на 62. седница на Централниот комитет на Евроазиската федерација на металските работници

Претседателот на Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство на Македонија (СИЕР), Игор Ѓерасов, учествуваше на 62. седница на Централниот комитет на Меѓународната евроазиска федерација на

Повеќе »
НОВОСТИ

18.Конгрес на СИЕР

Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство на Македонија – СИЕР, го одржа својот редовен 18.Конгрес на 26.09.2026 година во Хотелот Десарет во Охрид. На конгресот

Повеќе »
НОВОСТИ

Честитка

Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство на Македонија- СИЕР им го честита големиот празник 28 Август – Успение на пресвета богородица на сите граѓани од

Повеќе »

Контактирајте не