СИНДИКАТ НА ИНДУСТРИЈА, ЕНЕРГЕТИКА И РУДАРСТВО НА МАКЕДОНИЈА
СИЕР
ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ НА СИЕР
- Обезбедување и унапредување на институционално правните претпоставки за синдикално организирање и дејствување на вработените.
- Синдикално организирање на сите вработени во дејностите од индустријата, енергетиката и рударството и други дејности.
- Остварување и постојано унапредување на единствено демократско работно и социјално право.
- Склучување на колективни договори кои перманентно ќе обезбедат зголемување на платите, подобрување на условите за работа и заштита при работа, зголемување на вработеноста, хуманизација на работната срединаобликување на работното место по обем и содржина на работите и работните задачи.
- Унапредување на здравствената и социјалната заштита на работниците.
- Унапредување на безбедноста и здравјето при работа, создавање бенифицирани услови за одмор и опоравување. Постојано стручно образование и оспособување и унапредување по основ на стручноста.
- Пружање на правна помош и заштита на членството за остварување на поединечните права по основ на трудот пред органите на работодавачите, управните, судските и други органи.
- Постојано унапредување на синдикалното образование на синдикалните претставници, функционерите и членството преку сопствена образовна политика.