Број 03-78/1
08.11.2017 г.
С к о п ј е
До
Претседателот на Владата на РМ
Господин Зоран Заев
ПРЕМЕТ: Фени Индустри
Почитува господине Премиер,
Незадоволни од развојот на настаните во врска со судбината на Фени Индустри и крајно загрижени за својата егзистенција и опстанок, денес вработените излегоа на протест пред филијалите на банките-кредитори на фабриката во Кавадарци. За утре е најавена блокада на магистралниот пат Градско-Прилеп кај крстосницата Дреново, а во понеделник протестот ќе се одвива пред судот во Велес, кој ќе одлучува за евентуална стечајна постапка.
Работниците се крајно разочарани што се отстапи од првобитниот концепт и се погазија сите ветувања дека стечајот нема да биде употребен во разрешување на проблемите и продажбата на Фени Индустри. Тие целосно изгубија доверба во институциите, со оглед дека сите ветувања се изјаловија и сега им се нуди стечајна постапка како најдоброто решение, за која никој неможе да претпостави колку ќе трае, ниту како ќе заврши.
Работниците бараат да не се отвора стечајот, туку решението да се бара низ предстечајните активности, особено ако има заинтересирани инвеститори, како што се кажува.
Затоа ве молиме да закажете заедничка средба во најкус можен рок со учество на претставници на банките-кредитори, на синдикатот, на раководството на Фени Индустри (во моментов – Енекод, или кој било овластен) и на кои било релевантни учесници за надминување на оваа состојба и изнаоѓање брзо, задоволително и одржливо решение за Фени Индустри.
Синдикатот се обидува да ја контролира ситуацијата и да не дозволи радикализација, но работниците не сакаат ни да слушнат да го предадат комбинатот за кој и во минатото истрајно се бореле и го одржале, без борбата. Мораме да напоменеме дека расположението е такво, што доколку наредната недела се отвори стечајот, протестите ќе се преселат пред Владата на РМ.
Очекуваме да бидеме известени за терминот за средба и ви благодариме за разбирањето.
Со почит,
Претседател,
Пецо Ристески
Извор: http://www.libertas.mk/rabotnitsi-od-feni-protestiraat-pr/
Работници од „Фени индустри” денеска во Кавадарци одржаа протест пред филијалите на неколку банки за, како што рекоа, да го искажат своето незадоволство поради покренување на барање за стечајна постапка од страна на најголемите доверители Стопанска банка, Комерцијална банка и Силк Роуд банка.
– Ги молиме за разбирање за нашата многу тешка ситуација. Бараме да се вложат до максимум и да помогнат во решавање на нашиот проблем. „Фени” од почеток на своето постоење претрпел неколку вакви кризни моменти, но никогаш не бил во ваква поволна ситуација, како што е сега, кога имаме неколку заинтересирани инвеститори, за што добро се информирани и нашите главни доверители т.е. банките, рече Ѓоре Палитов, претседател на Синдикалната организација.
Сега во момент кога никелот е 13.000 долари за тон, нагласи, за нас, па и за секој разумен човек не би требало да биде прифатлив стечај.
За нив како вработени, рече, воопшто не е важно кој ќе биде новиот инвеститор.
– Единствено што е важно за нас и значи живот за нас и нашите семејства е да продолжиме со работа без прекин. Затоа сакаме уште еднаш да ги потенцираме нашите барања. Нашата компанија да не оди во стечај, да се исплаќаат нашите лични доходи во целост и за цело време до моментот на продажба да имаме статус на вработени во нашата компанија, нагласи претседателот на Синдикатот
Синдикалните претставници на Еурокомпозит 11.Октомври, заедно со претседателот и генералниот секретар на СИЕР остварија средба со премиерот Зоран Заев на 24.10.2017 година. Премиерот ги сослуша барањата на работниците, кои се однесуваат на итна исплата на заостанатите плати, но исто така и на решавање на проблемот со неплатените придонеси за повеќе од 5 години, како и изнаоѓање одржливо решение за претпријатието од наменската индуатрија.
Барањата на работниците беа сосем разбирливи за премиерот, со оглед на состојбата во која се наоѓаат и големиот број неземени плати. Тој ги претстави чекорите кои Владата ги подготвува за изнаоѓање на системско и одржливо решение за Еурокомпозит.
Неизвесноста која го мачеше секој работник од Фени Индустри во изминативе месеци е надмината. Денес тие го запознаа новиот извршен директор и претставник на новите сопственици, компанијата ЕНЕКОД од Бугарија.
Како што знаеше целата македонска јавност, Фени Индустри беше на работ од покренување стечајна постапка, откако доверителите ја блокираа фирмата и побараа наплата на своите побарувања. На ваквите најави се вклучи Владата на РМ, преку попретседателот задолжен за економски прашања и координација на економски ресори, г-дин Кочо Анѓушев. Тој изврши најголем притисок соствениците да не размислуваат за стечајни постапки, туку да го понудат капиталот на инвеститор кој ќе ги прифати сите обврски, тешки неколку десетици милиони евра. Синдикатот беше во постојана комуникација со потпретседателот на Владата и се обидуваше да го задржи мирот меѓу вработените, чие нетрпение разбирливо растеше секој ден.
Синдикалното раководство на Еурокомпозит 11.Октомври, под силен притисок на вработените, донесе одлука уште еднаш да се активира штрајкот, не гледајќи друг излез од и онака безизлезната ситуација.
Тие одржаа јавен протест на 18.10.2017, но од страна на полицијата не им беше дозволено да ја блокираат клучката на влезот во Прилеп.
На барање од синдикатот, на 19.10.2017 раководството беше повторно примено од потпретседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација на економски ресори, г-дин Кочо Анѓушев, во обид да се најде какво било одржливо решение за варботените.
На ден 12.10.2017, по барање на Синдикатот, се одржа работна средба со потпретседателот на Владата на РМ задолжен за економски прашања и координација на економски ресори, г-дин Кочо Анѓушев. На средбата беа претседателот на СИЕР Пецо Ристески, генералниот секретар Маре Анчева, претседателот на СО Ѓоре Палитов и членовите на СО Блаже Стојанов, Блаже Андонов, Миле Ѓорѓиев и Саше Симонов.
На средбата потпретседателот Анѓушев во отворен разговор ги запозна синдикалните претставници со ситуацијата околу ФЕНИ Индустри и напорите што ги вложува Владата за што побрзо враќање на условите за нормално работење.