Претседателот и генералниот секретар на СИЕР заедно со претседателот на СО при МРТ остварија работна средба со Дамјан Манчевски, Министер за информатичко општество и администрација. Главен предмет на разговорот беше стаусот на Македонската Радио Телевизија и нејзините вработени по изменувањето на Законот за аудио и аудиовизуелни дела.
Имено, во рамките на јавната расправа по предложените измени на законот, синдикатот беше на позиција дека статусот на националниот сервис треба да се регулира со посебен закон и да се издвои од Законот за аудио и аудиовизуелни дела, а прашањата за вработените да бидат исто така регулирани во посебниот закон, а не како до сега во различни закони (за јавни службени, за јавна администрација, ЗРО и т.н). Меѓутоа, во оваа фаза се отиде на измени на законот со кој не се остварува ова барање, иако истото не е отфрлено.
Имено, министерот изрази свесност за потребата и спремност да се оствари барањето со изготвување нов закон во блиска иднина, за што побара поширока јавна расправа и поддршка. Ваквиот тип закони подлежи на мониторинг од ЕУ, од каде се добива поддршка за нашите барања доколку има и поширока јавна подршка за истите.
Во меѓувреме ќе се применува изменетиот Законот за аудио и аудиовизуелни дела, што ќе значи промена на Програмскиот Совет на МРТ и неговите надлежности. Се очекува во истиот да бидат избрани докажани професионалци на кои на прво место ќе им биде интересот на куќата, а не какви било партиски или приватни интереси. Измените на законот се усвоени на Владата и одат во собраниска процедура.
Раководството на Синдикатот за индустрија, енергетика и рударство на Македонија на 13.02.2018 оствари средба со Мила Царовска, министер за труд и социјална политика, на која се разговараше за барањата на СИЕР утврдени на претходниот Конгрес.
На средбата се разговараше за следните прашања:
- Законот за работни односи, каде бараме измени во делот договори за вработвање на определено време (укинување на рокот од 5 години).
- Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, каде бараме враќање на правото на надоместок од државата на 5 години пред пензионирање во случај на технолошки вишок или стечај.
- Законот за ПИО и проблемите поврзани со бенифицираниот стаж, каде бараме поголеми олеснувања за пензионирање и поврзување на бенифицираниот стаж со различни степени, утврдување на бенифициран стаж за определени работни места каде сега го нема, како и поголема контрола за примената на регулативата која е на сила. Воедно, позицијата на СИЕР е дека не се прифаќа продолжување на старосната граница за пензионирање.
Како што е познато, со измена на Законот за ПИО што ја издејствува СИЕР пред пет години, се направи поврзување на стажот само за рударите во подземна експлоатација, така што се овозможи порано пензионирање. Сега бараме тоа правило да се прошири на сите работни места со бенифициран стаж, со што истиот ќе се смета поврзано, без оглед колку време работникот работел на работни места со различен степен на бенифиција.
На нашите барање Министерството одговара со подготвување на нови измени на законот, со кои ќе се поправи регулативата, односно ќе се дадат поповолни услови за пензионирање за работниците со бенифициран стаж, што се очекува наредната година.
Исто така, со измените на Законот за ПИО усвоени деновиве ќе се објави нова Методологија за утврдување на места со бенифициран стаж, така што ќе може да се утврдуваат дополнителни работни места за кои до сега нема утврдено бенифициран стаж.
Што се однесува до Законот за работни односи, информациите се дека Владата ќе пристапи кон изготвување нов закон, со целосна вклученост на социјалните партнери и јавноста. За тоа ќе биде потребно повеќе време.
Почитувани членови на СИЕР и сите посетители на оваа веб страница,
Ве известуваме дека КОНТАКТ ФОРМА-та во делот (табот) КОНТАКТ повторно е во функција. Проблемот со не функционирањето на истата е решен и од денес повторно истата е во функција.
Така сега за комуникација со нас покрај посочените телефони и редовната е-маил адреса на табот Контакт повторно можетете да ја користите и КОНТАКТ ФОРМА-та.
СИЕР уште еднаш се извинува на сите кои преку Контакт форма се обиделe да комуницираат со нас за настанатиот проблем и ги замолува повторно да се јават.
Почитувани членови на СИЕР и сите посетители на оваа веб страница,
Ве известуваме дека КОНТАКТ ФОРМА-та во делот КОНТАКТ не е во функција. Ова се должи на технички проблеми, а најверојатно датира од моментот на промена на хостингот пред крај на минаната година.
За жал, за овој проблем не бевме свесни, додека не се обратија телефонски членови кои се обиделе на ваков начин да комуницираат со нас.
Во моментов се работи на отстранување на пречките и повторно оспособување на овој облик на комуникација. До тогаш, ве молиме да ги користите посочените телефони и редовна е-маил адреса.
СИЕР се извинува за настанатиот проблем и ги замолува сите кои преку Контакт форма се обиделe да комуницираат со нас повторно да се јават.
Третата седница на Советот на СИЕР се одржа на 26.12.2017 година. Според традицијата, имаше работен и свечен дел.
Во работниот дел, членовите на Советот расправаа за приоритетите на СИЕР и мерките што треба да се преземат за нивно оживотворување. Имено, земајќи ги резолуциите усвоени на последниот конгрес како главен приоритет, СИЕР веќе се обрати до ресорните министри и Владата во целина со барања за средби заради образложување на нашите барања и согледување на можноститет за нивно остварување што поскоро.
По двонеделното одлагање на испитното рочиште, судот на 29.ноември одлучи: Фени Индустри оди во стечај.
Доверителите имаат рок од 15 дена за пријавување на побарувањата, почнувајќи од 1.декември, а извештајното рочиште и Собрание на доверителите се закажани за 11.јануари 2018 година.
Заинтересираните инвеститори подготвуваат понуди, но работниците останаа во незавидна положба. Не е исплатена платата за октомври, а веќе доспева и ноемвриската плата. Неизвесно е кога и како ќе се исплатат. На средбите во Владата и кај банките синдикалците беа уверувани дека ќе се најде начин за исплата на овие плати. Работниците поставија рок: доколку плата за октомври нема до понеделник до пладне, ќе биде блокирана раскрсницата кај Дреново во периодот од 12 до 14 часот. Претходната недела најавија дека се спремни и на поголеми облици на притисок, како намалување на снагата на печката и сл. Сепак, сите би сакале да добијат плата, па да нема потреба од протести. Важно е и тоа сите да бидат ангажирани, како и до сега, на одржување на постројките, како што е важно да нема пречки во стечајната постапка и што пократко да трае неизвесностс за нивната и судбината на фабриката.