Осмите Работнички спортски игри СИЕР 2018 успешно завршија
Оваа година осми пат по ред СИЕР организираше работнички спортски игри за своите членови. Игрите се одржаа од 17-20.05.2018 година, на терените на спортскиот комплекс на Хотел Бистра во Маврово.
Почитувани посетители ве известуваме дека поради упад на спамери од Русија кои преку контакт формата од делот за контакт спамираат од денес контакт формата нема да биде во функција односно е тргната од табот за контакт, се додека не се најде решение за спамерите.
Ве молиме сите кој сакате да остварите контакт со нас користете ги наведените телефонски броеви и е-маил адресата во табот Контакт.
Како што е познато, измените на законот за Минимална плата донесени во август 2017 година донесоа покачување на износот на минималната плата на 12.000 денари, но не го отстранија условот за исполнување на нормиран учинок за да се заработи оваа минимална плата.
СИЕР беше меѓу најгласните укажувачи на неправичноста на ваквата одредба и на сите злоупотреби од страна на работодавачите во вид на присилување на работниците да работат подолго од нормалното работно време за да ја исполнат нормата. Сите аргументи против ваквото решение беа доставени до изготвувачите на законот и јавно презентирани за време на дебатата. За жал, нормираниот учинок не само што остана во законот, туку регулативата беше проширена со уште два става во членот 2.
Откако законот беше донесен, СИЕР и Синдикатот на УПОЗ продолжија со консултации меѓу стручните лица, што резултираше со изготвување предлог до Уставниот суд за преиспитување на уставноста на членовите 2 и 7 од Законот за минимална плата. Изготвената иницијатива ја прифати Сојузот на синдикати на Македонија и ја поднесе до Уставниот суд.
СИЕР повикува на масовно учество на синдкалниот марш со кој се одбележува 1.Мај денот на трудот.
Маршот го организираат гранските синдикати здружени во ССМ. Учесниците ќе се соберат пред Работнички дом, од каде ќе тргне маршот во 11 часот.
Од маршот ќе бидат испоставени главните барања на ССМ до Владата на РМ,а тие се однесуваат на:
- Промени и подобрување на Законот за работни односи;
- Задржување на оваа старосна граница за пензионирање;
- Подигање на стандардот преку повисоки плати и намалување на сиромаштијата;
- Сигурни, здрави и безбедни работни места;
- Стоп за работа на црно;
- Стоп за мобинг и дискриминација;
- Подобар општ колективен договор и подобар социјален дијалог.
Денот на трудот најдостоинствено се одбележува со синдикална акција. Затоа, повелете пред Работнички дом на 1.Мај.
ССМ ќе обезбеди превоз од неколку градови кон Скопје (и назад) како и храна и вода за сите учесници.
ДА ЖИВЕЕ 1.МАЈ, ДЕНОТ НА ТРУДОТ!
ДА ЖИВЕЕ РАБОТНИКОТ, КОЈ ЕДИНСТВЕНО СОЗДАВА НОВА ВРЕДНОСТ!
НА СИТЕ ХРИСТИЈАНИ СИЕР ИМ ГО ЧЕСТИТА ПРАЗНИКОТ ВЕЛИГДЕН СО ЖЕЛБА ЗА ДОБРО ЗДРАВЈЕ И ЛИЧНА СРЕЌА
По усвојувањето на измените на Законот за минимална плата, СИЕР и синдикатот на УПОЗ изготвија предлог за оценување на уставноста на дел од одредебите, кој ССМ го поднесе до Уставниот суд во октомври 2017 година.
На последната седница од 20.02.2018 Уставниот суд расправаше и одлучи да поведе постапка за оценување на уставноста на член 2, став 1, 2, 3 и 4, како и член 7б, став 1 и 3 од законот.
Ова е потврда дека беа исправни сите аргументи што СИЕР ги поднесуваше против одредбите со кои се условува минималната плата со остварен нормиран учинок (член 2, став 1). Со закон мора да биде гарантиран минимален износ кој работникот го остварува како основна плата за полно работно време, а со вметнувањето на нормираниот учинок фактички нашиот закон не гарантира таков минимален износ. Тогаш се поставува прашањето зошто би се утврдувала минимална плата со закон, ако не се гарантира дека работникот ќе ја прими, односно работодавачот мора да ја исплати.
Покрај ова, се изразува сомнеж и за ставовите 3 и 4 од член 2, кои се поврзани со нормораниот учинок.. Членот 7б, став 1 и 3 пак се однесува на глоби за работодавецот доколку не утврди нормиран учинок и не издаде потврда за остварен нормиоран учинок.
Со ваквата регулатива само се создадоа забуни кај работниците, работодавачите, инспекторатот и т.н. Затоа, Министерството мораше да објави дополнителни упатства за примена на законот, но тие не ја исправаат неправдата вградена во самиот закон. Очекуваме Уставниот суд да го стори тоа.