Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство на Македонија – СИЕР им го честита 1.МАЈ- Меѓународниот ден на трудот, посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците, на своите членови како и на сите граѓани на Република Северна Македонија.
СИЕР од самиот почеток на своето постоење се залага за економски и социјален напредок во сите сфери, кој ќе овозможи подобрување на социјално-економската положба на работниците,одржување на сигурни работни места со повисоки плати, максимално залагање за повисока минимална плата, заложување за безбедни услови за работа, зема учество во борбата против мобингот и дискриминација на работните места, се залага за унапедување на социјалниот дијалог се со една заедничка цел за остварување на правата на работниците.
Но денес, во услови на светска пандемија на COVID 19 , во време на полициски часови, карантини, отежнати услови на работа, сите ние зедно се наоѓаме пред нови искушенија, предизвици, во едни за нас, чудни услови за живеење и работење, соочувајќи се со стравот од непознатото. Оваа битка може да биде кратка но последиците од неа ќе бидат непроценливи. Затоа, сега, сите ние , треба да сме заедно и со заедничи напори и сили да го издржиме ова време во исчекување на ново утре. Затоа чувајте се, пазете се , бидете храбри и запазете го доброто расположение.
СИЕР ви посакува да останете во добро здравје.
Поради актуелната ситуацијата со COVID 19, оваа година не сме во можност да организираме никакви активности врзани со одбележување на Меѓународниот ден за безбедност и здравје при работа, затоа
СИЕР НА СИТЕ СВОЈ ЧЛЕНОВИ ИМ ГО ЧЕСТИТА 28 АПРИЛ МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА СО ЖЕЛБА ЗА МНОГУ МНОГУ ЗДРАВЈЕ ПОГОЛЕМА БЕЗБЕДНОСТ И СИГУРНОСТ!
НА СИТЕ СВОЈ ЧЛЕНОВИ, СОРАБОТНИЦИ И СИТЕ ОСТАНАТИ ГРАЃАНИ ХРИСТИЈАНИ СИЕР ИМ ГО ЧЕСТИТА ПРАЗНИКОТ ВЕЛИГДЕН СО ЖЕЛБА ЗА ДОБРО ЗДРАВЈЕ И ЛИЧНА СРЕЌА
СИЕР се придружи на синдикатите кои се обратија до Владата со барања во врска со положбата и проблемите на работниците кои се jавуваат како последица на ефектите на светската пандемија и борбата со неа.
Незадоволни од непостоењето интерес кај Владата да ги слушне мислењата и барањата на синдикатите ниту да ги вклучи во советодавното економско тело, во кое се доминантни работодавачите, синдикатите се одлучија на ваков начин да ги изразат своите стваови и барања. Синдикатите се најзагрижени за зачувување на работните места, давање на приоритет на исплатата на платите, да не се дозволи најголемата жртва од кризата да падне на грбот на работникот, да не се дозволи да се намалуваат платите под износот на минималната, како и да се обезбеди заштита и примања за сите што ќе останат без работа. Целиот текст на барањата може да го прочитате ТУКА
СИЕР апелира и до работодавачите кои во овој период можат да се соочат со различни проблеми, особено поради преливање на кризата од нивните традиционални пазари и запирање на нарачките, да продолжиме заедно да бараме најдобри решенија низ социјален дијалог и со заеднишки договор и разбирање.
СИЕР ја продолжува долгогодишната соработка со еден од најголемите синдикати во Данска – 3Ф, а особено со секцијата наречена Глобални Колеги, составена од синдикални претставници со големо практично искуство, преку одржување на заеднички проекти и семинари.
По повод меѓународниот ден на жената 8-ми Март СИЕР на сите свој членки, соработнички и сите останати жени им го честита меѓународниот ден на жената 8-ми Март и им посакува се најубаво.