Работниот однос помеѓу работниците и работодавачите се уредува согласно Законот за работни односи, колективен договор и договор за вработување. Правото на регресот за годишен одмор, како право на работниците, е предвиден со Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството.
Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството предвидува право на надомест на трошоци на работниците поврзани со работењето. Во член 35 , став 1, алинеја 7 од ОКД предвидено е правото на регрес на годишен одмор (К-15).
На вчерашната владина седница усвоен е Предлог - Законот за работни односи во делот на прогласување на недела за ден на неделен одмор за сите работници, освен за дел од работниците во дејностите каде работниот процес не може да биде прекинат.
Работниците кои ќе мораат да работат во недела ќе добиваат дневница за најмалку 50% повисока од редновната дневница и еден слободен ден кој ќе треба да го искористат во наредните седум дена.
За вработените во трговијата предвидена е двојна дневница и слободен ден.
Ти имаш права! Бори се за нивно зачувување и унапредување.
Во чест на оние кои ги дадоа своите животи во борбата за зачувување на правата на работниците и остварување на подобри работни услови далечната 1886 год.
Денес овој ден е манифестација која ја покажува солидарноста на работниците во светот преку организирање на големи протести.
Оваа 2021 год., како и минатата година, одбележувањето на Меѓународниот ден на трудот 1.Мај е во услови на пандемија предизвикана од вирусот КОВИД-19. Појавата на пандемијата 2020 год. донесе многу промени на сите полиња во животот на луѓето. Од сериозни нарушувања на здравјето и безбедноста на луѓето, нарушена социјалната сигурност, пад на економијата и сл. Многу луѓе го загубија својот живот, некои останаа без работа, претпријатија ставија клуч на врата, платите се намалуваат, иднината е неизвесна.
Затоа, сите заедно, да излеземе и да застанеме на иста страна, со решителни чекори кон подобро утре, во борбата за зачувување на трудот и работата на работникот. Будење на свеста на владата за поефикасно справување со предизвицете за создавање на подобри здравствени, социјални, економски, општествени услови за живот. Во овие тешки, неизвесни денови, во услови на пандемија со вирусот КОВИД 19, животот на работникот, на граѓанинот е на прво место. Да покажеме солидараност, бидејќи тука сме еднакви.
Останете во добро здравје.
Честит празник!
На 28 Април 2003 започнува да се одбележува Светскиот ден за безбедност и здравје при работа од страна на Меѓународната организација на труд (МОТ). Целта на МОТ е заштита на работниците од болести, заболувања и повреди кои произлегуваат од работата, како и превземање на потребните дејства за понатамошно намалување и спречување на повреди, заболувања и смртни случаи поврзани со работното место. МОТ има обврска на промовира програми за заштита на животот и здравјето на работниците во сите занимања, согласно : Конвенции за МОТ кои ги има ратификувано РСМакедонија-Конвенција за БЗР од 1981 год. (бр.155), Препорака за БЗР, 1981 год(бр.164), Конвенција за Промотивна рамка за БЗР, 2006 год. (бр.187) , како и почитување на Законот за БЗР и сл.