Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство на Македонија- СИЕР им го честита 28 Август – Успение на пресвета богородица на сите граѓани од православна вероисповед, со желби за добро здравје и благосостојба.
Исто така им го честита Ден на рударите на сите рудари и им посакува успешна и безбедна работа, со заложба преку социјалниот дијалог и колективните договори заедно да оствариме поголеми придобивки, како во поглед на здравјето и безбедноста при работа, така и во правец на подобра материјална и социјална положба на рударите.
СРЕЌНО!
Претседателството на СИЕР на седницата одржана на 03.07.2021 год. донесе одлука да се организираат Десетите работнички спортски игри на СИЕР.
Комисијата за организација на Десетите работнички спортски игри утврди РСИ да се одржат во периодот 19.08-22.08.2021 год. на локација Хотел Десарет, Охрид.
Учесниците на РСИ ќе се натпреваруваат во следните дисциплини:
- мал фудбал
- шах, пинг-понг
- пикадо
- слободни и тројки и
- влечење јаже
СИЕР им го честита Курбан Бајрам на сите верници од исламска вероисповед и им посакува многу здравје, среќа, љубов и благосостојба.
Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство на Македонија-СИЕР го прошири своето семејство со уште една нова синдикална организација – Синдикална организација при Боров Дол, Радовиш. СИЕР ќе се залага новата синдикална организација, како и за сите свои членки, да ги остварат, унапредат и заштитат своите економски, социјални, поединечни и колективни права. Еднакви шанси за сите, рамноправност и подобрување на условите за живот и работа.
На Дванаесетата седница на Советот на СИЕР, одржана на ден 16.06.2021 год., се донесе одлука за датумот и местотот на одржување на 17.Конгрес на СИЕР.
17.Конгрес на СИЕР ќе се одржи на ден 02.10.2021 год. во Хотел Десарет, Охрид.
На седницата на Претседателство, која е закажана оваа недела, ќе се утврдат нацрт материјалите кои ќе бидат на дневниот ред на 17.Конгрес на СИЕР. Материјалите ќе бидат доставени до сите синдикални организации на СИЕР за расправа и било какви предлози за нивно дополнување или измена, синдикалните организации треба да достават до наредната седница на Совет која ќе се закаже две недели пред конгресот.
Согласно законот за безбедност и здравје при работа, работодавачот е должен да обезбеди соодветни услови за работа кои нема да го загрозат животот и здравјето на работниците.
Со проценка на ризик се утврдуваат работните места на кои работникот може да биде изложен на високи температури и/или топлинско зрачење, односно неповолни микроклиматски услови и се утврдуваат мерки кои работодавачот треба да ги превземеза намалување на ризикот на најмала можна мерка.
Целосните препораки прочитајте или преземете ги овде