Собранието на СО Фени Индустри му изгласа недоверба на претседателот во мај и распиша вонредни избори во синдикалната организација. Изборите малку се оддолжија, поради годишните одмори, така што Собранието се состана во нов состав на 11.08.2018 и избра нов претседател, Миле Ѓорѓиев, кој беше член на Синдикалниот одбор и во претходниот состав.
Синдикалната организација на Фени Индустри подолго време се судира со сериозни проблеми, како поради стечајот врз фирмата, кој сé уште формално-правно не е завршен, така и со синдикалното раководење. Претходното синдикално раководство имаше несреќа да склучи договор со измамничка фирма за набавка на дрва, од кој значителни средства беа злоупотребени од страна на добавувачот, без да испорача дрва. Ова се случи во критичен момент за работниците, со отворање на стечај и голема неизвесност за иднината.
Сега се очекува завршеток на стечајната постапка. Планот за реорганизација е усвоен, но има приговор кој треба да добие конечна разрешница на Апелацискиот суд во Скопје.
Во исто време, по смените во синдикалното раководство, а со завршетокот на стечајот, се очекува отворање на дијалог со раководството и пристапување кон склучување на нов колективен договор за уредување на сите права и обврски меѓу работниците и работодавачот. Работниците, секако, очекуваат не само враќање на примањата на нормално ниво, како пред кризата, и нивно соодветно зголемување.
СИЕР се бори за подобрување на регулативата за бенифициран стаж во последните десет години, откако престана да важи пензионирањето според остварен пензиски стаж.
Во рамки на таа борба, успеавме да избориме промена на законот и пропорционално пресметување на стажот, но само за рударите од подземна експлоатација. Но не се откажавме. Затоа последниот конгрес на СИЕР едната од усвоените резолуции ја посвети токму на ова прашање.
Поради тоа што немавме информации за тоа дали и какви измени во законот се подготвуваат, Претседателството на СИЕР покрена иницијатива за собирање потписи заради поткрепа на испоставените барања до изготвувачите на законите – ресорните министерства. Нашата главна заложба е:
Вработените на Еурокомпозит 11.Октомври од Прилеп, присилени од безизлезната состојба, по втор пат поставија шатори пред Владата на РМ. Првиот пат „кампирањето“ траеше два дена: шаторите се поставија на 1.Мај, а следниот ден, по средбата со премиерот Зоран Заев и добиените гаранции дека се работи на разрешување на статусот на претпријатието и на вработените, работниците си заминаа од Скопје.
Два месеци потоа, наоѓајќи се и понатаму во безизлезна ситуација, а особено заради неможност да им се исплаќа макар минимална плата месечно, тие одново ги поставија шаторите пред Владата. Овој пат се решени да истраат и да не си одат без готови решенија. Велат, на ветувања повеќе не веруваат.
Претседателството на СИЕР ја одржа својата седма седница на 27.06.2018 година. Главна тема за расправа беа нови двата нацрт-закони: Закон за работни односи и Закон за синдикати, здруженија на работодавачи и колективно договарање.
Претседателството на СИЕР констатира дека, спрема содржината на двата акти, не се работи за нови решенија, туку прераспоред на старите решенија од ЗРО, со мали доработки и измени. Законот за синдикати, здруженија на работодавачи и колективно договарање, пак, е пренесен делот за организација и регистрација на синдикати и здруженија на работодавачи и делот за колективно договарање од ЗРО.
Во дискусиите беше оценето колку во понудените решенија се соджани барањата на СИЕР, особено во поглед на договорите на определено време и испратнините при отказ од деловни причини. Беше изразено целосно незадоволство од невклучување на синдикатите во подготовката на текстот на законот, фаза во која е полесно да се вградуваат барањата на синдикатот.
За работниците од фабриката за наменско производство Еурокомпозит 11.Октомври никако да дојдат подобри денови. Тие од вчера се повторно во штрајк. За редовна исплата на плати и обезбеденост со работа не помогна ни поставувањето на нов раководен тим.
Имено, работниците по повеќе штрајкови, протести низ улиците на Прилеп, на 1.мај останаа да кампуваат пред зградата на Владата на РМ. Добија уште еднаш уверување од премиерот дека проблемите се на добар пат да се решат, има заинтересирани инвеститори и треба да се издржи уште некој месец до конечно решение. Владата вети дека платите во тој период редовно ќе се исплаќаат.
Но денес работниците мораат по којзнае кој пат да се борат за својата гола егзистенција преку штрајкови протести. Не им е обезбедена работа и не добиваат плата.
Нивното последно обраќање до највисоките државни раководители може да го видите тука.
Закажана е редовна седница на Претседателството на СИЕР, на која главна тема на расправа ќе бидат новите предлози на Закон за работни односи и Закон за синдикати, здруженија на работодавачи и колкетивно договарање.
СИЕР очекува дека овие закони ќе одат во редовна процедура и ќе се даде можност за опстојна јавна расправа по истите.
Забелешките и предлозите на СИЕР по овие закони, кои ќе ги потврди Претседателството, се конструктивни и во правец на унапредување на положбата на трудот, а ќе бидат дел од вкупните предлози на ССМ во финализирањето на законските решенија.
Седницата е закажана за 27.06.2018 година.