Во периодот 30.05-02.06.2019 година во Охрид се одржаа Деветтите работнички спортски игри на СИЕР.
Оваа година учествуваа 12 екипи, а беа присутни и гости од синдикатот Метал-Електро од Бугарија.
Натпреварите се одржуваа во следните дисциплини:
- Мал фудбал (мажи)
- Пикадо (жени)
- Пинг-понг (мажи и жени)
- Шах (мажи и жени)
- Слободни фрлања (тројки) (мажи и жени)
- Влечење јаже (мажи и жени)
Екипи во разни дициплини имаа синдикалните организации на Еуроникел Индустри, АрцелорМиттал, Вабтек МЗТ, Р.Кончар-Контактори и релеи, Мермерен комбинат Прилеп, ФЗЦ 11.Октомври, Рафинерија Окта, ЛТХ Леарница, МРТ и Таб-Мак.
На игрите беа присутни како гости и членови од СО Ватростална, СО Еурокомпозит, СО Рудник Сопотница и СО Југохром Алзар.
Бројот на учесничките сеуште е инфериорен во однос на учесниците, но од година во година нивниот број се зголемува.
Игрите поминаа во најдобра атмосвера, на терените се водеа спортски и бескомпромисни борби, но дружењето и меѓусебното запоснавање беше најпопуларна дисциплина.
9--те Работнички спортски игри на СИЕР се одржуваат од 30.05.2019 до 02.06.2019 година. Досега е пријавено учество од 16 синдикални организации.
На денот на трудот 1-ви Мај како и секоја година така и оваа СИЕР активно учествуваше на Синдикален марш на ССМ под мотото „ССМ ГЛАСОТ НА РАБОТНИЦИТЕ - НЕ МОЖЕ ДА СЕ ОДЛУЧУВА ЗА НАС, БЕЗ НАС!“ и во целост го подржа Првомајскиот Проглас 2019 и барањата напишани во него
НА СИТЕ СВОЈ ЧЛЕНОВИ, СОРАБОТНИЦИ И СИТЕ ОСТАНАТИ ГРАЃАНИ ХРИСТИЈАНИ СИЕР ИМ ГО ЧЕСТИТА ПРАЗНИКОТ ВЕЛИГДЕН СО ЖЕЛБА ЗА ДОБРО ЗДРАВЈЕ И ЛИЧНА СРЕЌА
СИЕР аплицираше за проект под наслов: Со стратешки пристап до подобра безбедност и здравје при работа. Проектот беше позитивно оценет и одобрен од Македонското здружение за заштита при работа и се спроведува во првите осум месеци од оваа година.
Главна цел на проектот е изградба на систем за управување, подигање на нивото на влијание и подобрување на капацитетите на СИЕР за успешно справување со проблемите во безбедноста и здравјето при работа.
Специфична цел на проектот е уредување на внатрешен систем на мерки, нормативи и стандарди на СИЕР за подобро следење на безбедноста и здравјето при работа. Тоа би требало да води кон остварување на следните резултати:
По повод меѓународниот ден на жената 8-ми Март СИЕР на сите свој членки, соработнички и сите останати жени им го честита меѓународниот ден на жената 8-ми Март и им посакува се најубаво.