Претседателството на СИЕР ја одржа 13-та, а Советот на СИЕР 7-та седница на 21.08.2019. Главна тема за расправа беше закажувањето на вонреден конгрес на СИЕР. Вонредниот конгрес ќе избере претседател на СИЕР за преостанатиот дел од мандатот, со оглед на тоа што претседателот Пецо Ристески ќе се пензионира.
Највисоките органи на СИЕР донесоа едногласни одлуки: Вонредниот конгрес на СИЕР ќе се одржи во Скопје, во големата сала на Работнички дом на 12.кат на 25.10.2019 година со почеток во 11 часот.
Според одлуката на Советот, Конгресот ќе има 103 делегати, од сите синдикални организации, согласно бројот на членови и износот на уплатена членарина во последните три години. Имињата на делегатите и предлозите за претседател на СИЕР синдикалните организации треба да ги достават до 10.октомври, а последната седница пред конгрес Советот ќе ја одржи на 15.октомври. Тогаш Советот ќе ги утврди кандидатите и работните тела за конгресот. Гости на вонредниот конгрес нема да се покануваат, освен претседателот на Сојузот на синдикати.
На дневен ред, покрај изборот на претседател на СИЕР, ќе бидат и измени и дополнувања на Статутот на СИЕР.
СИЕР на сите рудари им го честита 28 Август денот на рударите, воедно на сите свој членови, деловни соработници, и на сите граѓани им го честита големиот празник Успение на Пресвета Богородица со желба за многу здравје среќа и успеси во работата и животот.
Советот на СИЕР на седницата одржана на 21.08.2019 год. донесе одлука за свикување на Вонреден Конгрес на СИЕР.
Претседателот на СИЕР, Пецо Ристески најави оставка на функцијата поради пензионирање.
Вонредниот Конгрес на СИЕР ќе се одржи на 25.10.2019 год.
ПОЧИТУВАНИ ПОСЕТИТЕЛИ НА ВЕБ СТРАНАТА НА СИЕР, КАКО ШТО ЗАБЕЛЕЖАВТЕ ИСТАТА БЕШЕ НЕДОСТАПНА ВО ИЗМИНАТИТЕ ДЕНОВИ ПОРАДИ МАЛ ТЕХНИЧКИ ПРОБЛЕМ ВО ХОСТИНГОТ ШТО СЕ ПОЈАВИ ПРИ НАДГРАДБА НА ХОСТИНГОТ. ПРЕОБЛЕМОТ СЕГА Е РЕШЕН И ОД ДЕНЕС СТРАНИЦАТА ПОВТОРНО Е НОРМАЛНО ВО ФУНКЦИЈА.
СЕ ИЗВИНУВАМЕ НА СИТЕ ПОСЕТИТЕЛИ И МОЛИМЕ ЗА РАЗБИРАЊЕ.
Претседателството на СИЕР ја одржа дванаесеттата седница на 21.06.2019 година. Главна точка на седницата беше расправата за условите под кои ќе се свикува вонреден конгрес на СИЕР наесен.
Имено, претседателот на СИЕР на последница седница на Советот на СИЕР најави дека ќе престане да ја обавува функцијата поради пензионирање, поради што е потребано да се свика вонреден конгрес, согласно Статутот.
Со оглед дека е започната постапка за измени на Статутот, предложено е истата да заврши со усвојување на измените на вонредниот конгрес. Ова од причина што Советот има мандат да прави измени до 1/3 од содржината на Статутот, а со оглед дека ќе се одржува вонреден конгрес, тоа а подобра прилика да се направат саканите измени без ограничување.
По којзнае кој пат поранешните и сегашни вработени во Еурокомпозит 11.Октомври дојдоа да протестираат во Скопје поради неисполнетите барања што ги поставуваат повеќе години, а за кои неколку пати имаа цврсти ветувања од Владата.
Имено, Еурокомпозит е последниот нерешен загубар во државата. Работниците (поранешни и сегашни) побаруваат за неплатени придонеси од јуни 2012 до денес, поради што пензиската основица драстично се намалува како на тие што веќе оствариле право на пензија, така и на тие што тоа ќе го остварат подоцна. Не се исплатени нето плати и други надоместоци, како ни отпремнини за работниците кои кон крајот на минатата година беа прогласени за технолошки вишок, односно испратнини за работниците кои во последните три години оствариле право на пензија. Вкупно, по овие основи работниците побаруваат над три милиони евра.