Во средствата за јавно информирање во изминатиов период се појавија различни прикази за положбата на вработените и условите за работа во фабриката на германскиот инвеститор Дрекслмајер во Кавадарци. Ова беше поврзано и со неколкукратното спонтано изразување на незадовлството на овие работници на неколку начини.
Дрекслмајер е најголемиот приватен работодавач во Македонија. Таму се вработени преку 4,400 работници кои произведуваат кабли за автомобилската индустрија во Германија. СИЕР во изминатиот период се обидуваше да го започне синдикалното организирање во оваа фабрика , имајќи во предвид дека наједноставно може да се спроведува Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството, да се оставаруваат правата од работен однос и истите да се унапредуваат само доколку работниците се организирани и е формирана синдикална организација.
За изворно да се информира за тековните сосотојби, претседателот и генералниот секретар на СИЕР на 02.06.2014 год. ја посетија фабриката и разговараа со генералниот директор Ѓорѓи Тренкоски. Во разговорот освен што директорот го запозна раководството на СИЕР со актуелните состојби и плановите на фирмтата, беше истакнато дека синдикалното организирање е законско и уставно право на работниците кое раководството не смее и нема да го попречува.
Од страна на претседателот на СИЕР беше најавено интезивирање на активностите за формирање на синдикална организација на СИЕР во Дрекслмајер согласно Статутот на СИЕР и законските овластувања и одредби. Исто така , беше предочено дека СИЕР е во комуникација со германскиот синдикат ИГЕ Метал и со претседателот на Советот на вработените на Дрекслмајер во Германија, кои се во целост информирани за нашите активности.
За брзо и ефикасно синдикално организирање и отварање простор за синдикално делување во фабриката , со што значително ќе се подобри положбата на работниците , СИЕР ги повикува сите вработени да станат синдикални членови со потпишување на пристапница на Синдикатот за индустрија, енергетика и рударство.
Раководството на СИЕР го искористи престојот во Кавадарци за посета и на ИГМ Трејд и разговор со сопственикот г-дин Гечев. Во оваа прилика синдикалните претставници беа информирани за остварените резултати, краткорочни и долгорочни планови на оваа компанија.
Индо Минерали и Метали, сопственикот на рудниците Злетово и Тораница не ги исплати придонесите на плата за месец март, ниту платата за април 2014 год. Работниците не само што останаа без своите заработувачки, туку во последниот месец не можеа да користат ниту здравствено осигурување поради неплатените придонеси. Поради тоа синдикатот најави прекин на работата и стапување во штрајк доколку до 30.05.2014 год. не бидат исплатени обврските на работодавачот.
Во петокот на 30.05.2014 год. работниците очекуваа исполнување на нивните барања , но до тоа не дојде. Како облик на притисок врз работодавачот втората смена во рудникот Тораница не го започна работењето и беше во предупредувачки штрајк во траење од 2 часа. Поради неисполнување на барањата во дадениот рок синдикатот најави прекин на работата почнувајќи од 02.06.2014 год.
До вистински прекин на работата до овој момент може да дојде само во рудникот Тораница, бидејќи рудникот Злетово сеуште не е влезен во редовно производство и ги санира последиците во јамите предизвикани од дефекти односно немање соодветни пумпи за исцрпување на водата што се слива таму. Најголемиот дел од работниците на Злетово се уште не се повикани на работа, што значи дека производството и онака е во прекин.
Меѓутоа работодавачот го прекина организираниот превоз за рударите во рудникот Тораница , без кои вработените не можат да стигнат до рудникот, кој е одалечен од Крива Паланка 20-тина километри. На ваков начин редовното производство всушност е прекинато од страна на работодавачот, со самото тоа што на работниците не им е овозможено да доаѓаат на своите работни места, а со тоа не е можен ни вообичаен облик на штрајк.
Во овој момент работниците и од Злетово и од Тораница се дома. Синдикатот останува во постојана комуникација како со работниците така и со менаџментот, заради побрзо надминување на настанатата ситуација. Работниците се заинтересирани што побргу да си го добијат заработеното, а работодавачот би требало да биде заитересиран побрзо да се врати нормалното производство. Сепак ,работниците се решени дека производството нема да продолжи пред исполнување на поставените барања.
Претседателството на СИЕР на продолжението од четиринаесеттата седница одржано на 24.04.2014 година одлучи СИЕР да учествува во манифестацијата за одбележување на 1.Мај –Денот на трудот.
Манифестацијата ќе се одржи на денот на празникот (четврток) на Плоштадот Македонија во Скопје, каде ќе се дели пропаганден материјал и пригодно ќе им се честита празникот на учесниците, минувачите и граѓаните воопшто.
СИЕР ги поканува сите свои членови, симпатизери, граѓани на РМ да дојдат на плоштадот Македонија на 1.Мај во 10:00 часот за да го одбележиме заедно Празникот на трудот.
Претседателството на СИЕР се состана на 15,04,2014 год. на својата редовна 14,-та седница. Главната расправа се водеше во врска со начиниот на одбележување на 1.Мај-Денот на трудот. Членовите на Претседателството дискутираа за неколку можни опции, меѓу кои и предлогот на Сојузот на синдикати - ССМ за одбележување на празникот за кампања за промена на Законот за безбедност и здравје при работа. Членовите на Претседателството истакнаа дека постојат повеќе проблеми кои сериозно го отежнуваат остварувањето на правата од работен однос, како што се : функционирањето на трудовата инспекција, озаконетоста на несигурните облици на вработување и доминацијата на договорите за работа на одредено време, пречките во организирањето на работниците од страна на работодавачите и слично, поради што изразија резерва во подршката на предлогот на ССМ.
Претседателството не донесе конечна одлука бидејќи по ова прашање ќе расправа уште еднаш на наредната седница.
Претседателството одлучи Четвртите работнички спортски игри на СИЕР да се организираат во средината на септември.
Под тековни прашања членовите на Претседателството уште еднаш ги потенцираа недореченостите и проблематичните прашања во законската регулатива, како и примената на законите од областа на трудот и социјалната заштита воопшто, уште еднаш како што се на пример: работењето со договор на одредено време до пет години; регулативата за колективно договарање; правилата за ред и дисциплина како едностран акт на работдавачот; кршење на законот во делот на заштитата на синдикалните претставници; понуди на договори за вработување кои не се целосно усогласени со ЗРО; злоупотреба на работно време и годишни одмори; нецелосно почитување на Законот за минимална плата и Општиот колективен договор во делот на плати, надоместоци и други лични примања и слично. Поради тоа , Претседателството заклучи СИЕР писмено да иницира отварање на сите овие прашања пред органите на ССМ и нивно наметнување пред новиот состав на Владата на РМ по завршување на изборите.