По неофицијалните информации дека четирите водечки синдикати во ССМ: СИЕР, УПОЗ, СУТКОЗ и Агро-Синдикатот се најпрво суспендирани, а потоа и исклучени од членство во ССМ, денес, 29.12.2016 година се состана Претседателството на СИЕР во полн состав. Седницата се одржа надвор од Работнички дом, бидејќи на членовите на Претседателството не им беше дозволен пристап до просториите на СИЕР.
Советот на Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство на РМ-СИЕР на ден 22.12.2016 год. ја одржа својата Прва седница на која усвои Деловник за работа и распараваше за актуелните состојби.
Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство на РМ, како и целокупната јавност во Македонија, ги забележува шпекулациите што се шират веќе извесно време во врска со промени во Законот за пензиско-инвалидско осигурување, продолжување на работниот век за вработените, односно зголемување на старосната граница за пензионирање и сл. Во врска со ова прашање сакаме да нагласиме дека:
Вработените од Југохром Алзар по вторпат излегоа на протест, овој пат со блокада на една од најфреквентните раскрсници во Скопје, онаа кај Судската палата.
На 16.ноември, Претседателството на СИЕР ја одржа својата конститутивна седница во полн состав. На седницата се расправаше по следниот Дневен ред:
- Усвојување на деловник за работа на Претседателството
- Актуелни состојби и позицијата на синдикатот во врска со предвремените парламентарни избори
- Тековни прашања
Работниците од Југохром Алзар во саботата, 12.ноември го блокираа веројатно најфреквентиот автопат во државата, Скопје-Тетово кај наплатната рампа во Желино.