Синдикалните претставници на Југохром, на чело со претседателот Пецо Ристески на 16.јануари имаа средба во Владата на РМ со техничкиот премиер Емил Димитриев и потпретседателот на владата Владимир Пешевски. На средбата, на која беше и директорот на Југохром, се разговараше за изнаоѓање решение за да продолжи да работи Југохром пред да биде официјално добиена интегрираната еколошка дозвола.
Имено, инсталациите неопходни за решавање на отпадните гасови во Југохром се во тек на изградба, која задоцни поради задоцнување на дозволите за градба. Југохром не работи од 1.ноември. Работниците сеуште се во работен однос, но стравуваат дека договорите нема да им бидат продолжени доколку потрае повеќе периодот на неработење.
Скопје, 20.01.2017
До
Сите синдикални организации на СИЕР
Почитувани,
Со овој допис сакаме да ве информираме за моменталната состојба во која во моментов функционира СИЕР.
Имено, со одлуки спротивни на Статутот на ССМ, на 28.12.2016 година од членство во ССМ се исклучени четири грански синдикати, и тоа СИЕР, УПОЗ, СУТКОЗ и Агро Синдикатот. Овие нестатутарни одлуки ќе бидат обжалени во предвидениот рок и по нив треба да се води и судски спор.
Откако Советот на ССМ на седницата одржана на 13.ноември го разреши Живко Митревски и го именуваше Дарко Димовски за в.д. претседател со задача да организира одржување на вонреден конгрерс во рок од два месеци, одлуката на Советот беше верификувана со Решение на министерот за труд и социјална политика. Меѓутоа, ова решение без никаков основ, спротивно на Законот за едношалтерски систем, не беше запишано во Централниот регистар на РМ.
За актуелните случувања и состојби Добиена е подршка од СИНДИКАТОТ НА МЕТАЛЦИТЕ НА ХРВАТСКА - ИНДУСТРИСКИ СИНДИКАТ ( SMH IS) која е испратена и до другите меѓународни синдикални преставници
Оригиналниот текст можете да го погледнете ТУКА
До средствата за информирање
СООПШТЕНИЕ
Вчера во Брисел се одржа специјален состанок на Европската синдикална конфедерација (ETUC) и европските секторски синдиклани асоцијации во кои членуваат четирите синдикати – СИЕР, УПОЗ, СУТКОЗ и Агро Синдикатот, предизвикан од актуелните состојби на синдикалната сцена во Македонија.
На состанокот се донесени одредени заклучови и испратено е заедничко писмо до ССМ, СИЕР, ЅПОЗ, СУТКОЗ и Агро Синдикатот кое ви го доставуваме интегрално преведено и во оригинал.
Заедничко писмо во врска со кризата во ССМ Македонија - Оригинал
Заедничко писмо во врска со кризата во ССМ Македонија - Превод
Повеќе информации коментари мислења околу сите настани од незаконското, нестатутарното исфрлање на СИЕР и останатите три синдикати од работните простории, можете да најдете на Фејсбук група Синдикална Пролет