Третатат седница на Претседателството на СИЕР се одржа на 31.03.2017 година во салата за обуки на АрцелорМиттал во Скопје.
Во отсуство на претседателот на СИЕР, со седницата раководеше генералниот секретар.
Претседателството на СИЕР ги разгледа нацрт-извештаите за 2017 година во функција на подготовка за седница на Советот на СИЕР. Согласно Статутот на СИЕР, Претседателството е одговорно за подготовка на седниците на Советот, почнувајќи од дневниот ред, утврдување на материјалите и слично.
СИЕР ГИ ИЗВЕСТУВА СИТЕ ЧЛЕНОВИ И СОРАБОТНИЦИ ДЕКА Е СМЕСТЕН ВО КАНЦЕЛАРИИ НА УЛ.МАКЕДОНИЈА БРОЈ 21/1 (над кафулето „Мекиците на стража„).
ВЕ МОЛИМЕ ПОШТАТА И ПОНАТАМУ ДА ЈА УПАТУВАТЕ НА П.ФАХ 228.
ПОКРАЈ МОБИЛНИТЕ ТЕЛЕФОНИ НА КОИ СМЕ СЕКОГАШ ДОСТАПНИ, ОЧЕКУВАМЕ ВО НАЈСКОРО ВРЕМЕ ДА БИДЕ ВКЛУЧЕНА И ФИКСНАТА ЛИНИЈА 02/3115-141, СО ШТО КОМУНИКАЦИЈАТА ЌЕ БИДЕ УШТЕ ПОКВАЛИТЕТНА.
Работниците на Југохром на 2.Март повторно излегоа на протест заради нерешениот проблем поради кој веќе полни четири месеци фабриката не работи. Тие го блокираа автопатот Скопје-тетово кај наплатната рампа Желино во траење од два часа за да го свртат вниманието на надлежните на својот проблем.
Откако состојбата со исплата на платите не се подобри, согласно договореното на средбата со директорите и платата не се исплати до 15.февруари, синдикатот донесе одлука за стапување во штрајк на 20.02.2017 година. Работниците беа особено револтирани поради тоа што со задоцнувањето повторно се нарушува здравственото осигурување и правото на користење здравствена заштита.
На 3.февруари се одржа средба на дел од Синдикалниот одбор од Еурокомпозит Прилеп со генералниот директор, на која присуствуваа и претседателот и генералниот секретар на СИЕР, како и директорот на друштвото Композитна опрема.
Средбата беше побарана од страна на синдикатот поради нарушена динамика на исплата на платите, како и заради информирање за обезбеденост со работа во наредниот период.
На 31.јануари работниците од Југохром го изразија своето незадоволство и разочараност од ситуацијата во која се наоѓаат со блокада на автопатот Скопје-Тетово кај наплатаната рампа Желино.
Со масовно присуство тие уште еднаш потсетија дека се колатерални жртви на состојбата во која ниту е подобрен квалитетот на воздухот во Тетово и тетовско, ниту фабриката работи, ниту тие можат да остваруваат основна егзистенција. Нивните договори за работа истекуваат на денот на протестот и неизвесноста дека поворно ќе бидат невработени е присутна.