11-тите РСИ на СИЕР, оваа година ќе се одржат во Хотел Десарет, Охрид во периодот од 22-25.09.2022 год. Учесници на РСИ се членовите на синдикалните организации/подружници во составот на СИЕР. Оваа година на РСИ во организација на СИЕР ќе учествуваат следните синдикални организации:
Во пресрет на големиот празник 28 Август– Успение на пресвета богородица, Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство на Македонија- СИЕР им го честита праззникот на сите граѓани од православна вероисповед, со желби за добро здравје и благосостојба.
СИЕР на ските рудари за Ден на рударите им посакува безбедна работа, со заедничко залагање и вложување кон остварување на поголеми придобивки, како во поглед на здравјето и безбедноста при работа, така и во правец на подобра материјална и социјална положба на рударите.
СРЕЌНО!
На 17.06.2022 год. во Истанбул се одржа 53. Централен комитет на Меѓународната Евроазиска Федерација на металските работници, каде присуствуваа и претставници од СИЕР: претседателот Игор Ѓерасов и советникот Маре Анчева.
Во соработка со шведскиот Меѓународен Центар Улоф Палме, со кој СИЕР веќе трета година остварува соработка, во рамки на проектот ПОАКТИВЕН СИНДИКАТ=ПОМОЌЕН СИНДИКАТ, СИЕР организираше конференција насловена Иницирање проактивност на жените вработени во индустријата. Конференцијата се одржа во Хотел Пела, Охрид во периодот 02-04.06.2022 год.