Претседателството на СИЕР ја одржа својата петта седница на 19.09.2017 година во Работничкиот дом, во салата на 9.кат.
На дневен ред беа следните прашања:
- Состојбите во ССМ по промената на претседателот и враќањето на 4-те исклучени синдикати;
- Промените во законодавството и позициите на СИЕР;
- Внатрешни состојби и проблеми на СИЕР.
Претседателството на СИЕР расправаше за тековните состојби и активности во Сојузот на синдикатите, потребата од одржување на вонреден конгрес и статутарните обврски во врска со тоа. Имено, Статутот на ССМ предвидува свикување вонреден конгрес во рок од два месеци од назначувањето в.д. претседател, така што активностите мора да се забрзаат.
Поголемо внимание Претседателството посвети на промените во законската регулатива, особено на Законот за минимална плата, за кој ЕСС утврди една верзија, а во собраниска процедура се разгледува друга верзија, со повторно вметната условеност на минималната плата со остварен нормиран учинок. СИЕР вложи многу напори за презентирање на сите аргументи пред сите надлежни чинители зошто минималната плата неможе да се поврзува со норми кои ги пропишуваат работодавачите, но тоа за жал не донесе плод. На реакцијата до јавноста во врска со ова прашање СИЕР не доби поддршка од другите синдикати во Македониа, тие останаа без реакции.
ПОЧИТУВАНИ ПОСЕТИТЕЛИ НА ВЕБ СТРАНАТА НА СИЕР, КАКО ШТО ЗАБЕЛЕЖАВТЕ ИСТАТА БЕШЕ НЕДОСТАПНА ВО ПЕРИОДОТ ОД 09.09.2017 ДО 22.09.2017 ГОДИНА. ДО ПРЕКИНОТ ДОЈДЕ БЕЗ ЗНАЕЊЕ НА СИЕР И БЕЗ НАЈАВА, ПОРАДИ ИЗВЕСНИ ПРОБЛЕМИ СО ХОСТИРАЊЕТО НА СТРАНИЦАТА. ИМЕНО, ОД ТЕХНИЧКИ ПРИЧИНИ, СИЕР МОРАШЕ ДА ГО ПРОМЕНИ ХОСТИНГОТ, НО ЗА ТОА НЕ БЕШЕ БЛАГОВРЕМЕНО ИЗВЕСТЕН, НИТУ ПРЕДУПРЕДЕН. ЗА ЖАЛ, РЕШАВАЊЕТО НА ТЕХНИЧКИОТ ПРОБЛЕМ ТРАЕШЕ ПОДОЛГО ОД ОЧЕКУВАНОТО, НО ЕВЕ, СТРАНИЦАТА Е ПОВТОРНО АКТИВНА И НЕ ОЧЕКУВАМЕ ВАКВИ ПРОБЛЕМИ ВО ИДНИНА.
СЕ ИЗВИНУВАМЕ НА ПОСЕТИТЕЛИТЕ И МОЛИМЕ ЗА РАЗБИРАЊЕ.
Група од единаесет синдикални претставници од три синдикти од Белгија престојуваа во посета на СИЕР од 23. до 25.август. Сите тие се синдикално ангажирани во компанијата ВанХол во Белгија. Оваа компанија е присутна и во нашата земја, па колегите од Белгија дојдоа заради меѓусебно запознавање, размена на информации и искуства и отпочнување поконкретна меѓусебна соработка.
Гостите од Белгија за првпат беа во Македонија. Се интересираа за синдикалното организирање, колективното договарање и нивото на остварување и заштита на правата од работен однос. На средбата и разговорите присуствуваше и генералниот секретар на Европската федерација ИНДУСТРИОЛ, Лук Триангл, кој е член на белгискиот синдикат. Тој изрази безрезервна поддршка на меѓусебната соработка на СИЕР со сродните белгиски синдикати, што би било од особен заеднички интерес. Исто така, тој изрази ососбено задоволство во врска со процесот на нормализација на состојбите во ССМ, нагласувајќи дека СИЕР секогаш имаше целосна поддршка од ИНДУСТРИОЛ.
Во рамки на престојот гостите ја посетија синдикалната организација на Факом..
По осум месеци во „изгнанство„ четирите синдикати исклучени од ССМ на 14.август се вратија повторно во Работнички дом. Ова беше возможно откако Централниот регистер конечно го запиша како легитимен в.д. претседател на ССМ Дарко Димовски, а го избриша Живко Митревски. Со тоа се заврши неправдата што оваа институција ја овозможи откако во ноември минатата година бесправно не го запиша правосилното решение од Министерството за труд и социјална политика.
Веднаш откако беше спроведена промената, Претседателството на ССМ ги отповика одлуките за суспензија на синдикатите. На 23.август се состана и Советот на ССМ и изгласа поништување на одлуките за исклучување на овие синдикати. На тој начин, во моментов е затворена една неславна епизода во историјата на синдикалното движење и самиот Сојуз на синдикати. Преостанува закажување на вонредниот конгрес за целосно заокружување на овој процес.
СИЕР ГИ ИЗВЕСТУВА СВОИТЕ ЧЛЕНОВИ ДЕКА ОД 29.АВГУСТ ПОВТОРНО ЌЕ РАБОТИ ВО СВОИТЕ ПРОСТОРИИ НА 9.КАТ ВО ЗГРАДАТА НА РАБОТНИЧКИОТ ДОМ.
Денес синдикатите кои беа бесправно исклучени и насилно исфрлени од ССМ конечно добија пристап до своите простории.
Претходно Министерството за труд ја потврди валидноста на изборот на Дарко Димовски за В,Д. Претседател и истото беше запишано во Централниот регистар на РМ.
Значи СИЕР од денес повторно се враќа во своите простории и истите ќе бидат оперативни, како и сите телефонски броеви во текот на неделава
Влезот во ССМ сепак не помина без проблеми Види Тука
Во петокот, на 14.07.2017 година се состана Претседателството на СИЕР. Седницата со која претседавеше претседателот Пецо Ристески работеше по следниот дневен ред:
- Информација за соствојбите поврзанис со случувањата во ССМ;
- Информација за покренати постапки и релации со новата Влада на РМ;
- Осврт по заклучоците од претходните седници на Претседателството и Советот на СИЕР
- Тековни прашања.
Членовите на Претседателството беа детално запознати со сите постапки (судски и останати, домашни и меѓународни) што се водат во врска со исклучувањето на СИЕР и останатите синдикати од членство во ССМ и очекуваните резултати.