Работниците на Југохром на 2.Март повторно излегоа на протест заради нерешениот проблем поради кој веќе полни четири месеци фабриката не работи. Тие го блокираа автопатот Скопје-тетово кај наплатната рампа Желино во траење од два часа за да го свртат вниманието на надлежните на својот проблем.

 

Точно е дека се задоцни со поставување на филтрите за отпрашување, но исто така е точно дека за задоцнувањето најмногу „вина„ има задоцнетата дозвола за градба, која е добиена дури во јули минатата година.

Сега, сите всушност се повикуваат на закони и прописи, поминати рокови и слично. Сопствениците се распложени да се продолжи интензивно со изградба на опремата, но  доколку фабриката продолжи да работи, а инспекторатот инсистира дека ќе дозволи продолжување кога опремата ќе биде готова и ставена во функција. Работниците во тој процес како да се заборавени. Тие остануваат жртва во целокупната ситуација и нивното незадоволство е сосем оправдано.

На 3.Март беше одржан работен состанок во Владата на РМ, на кој не се постигна напредок во разговорите, бидејќи сеуште се бара некакво преодно решение, во кое фабриката би работела со одреден капацитет, а последен рок за завршување на филтрите би бил октомври годинава. Раководството го прифаќа рокот, но секое решение за продолжување со работа мора да биде во согласност со законската регулатива.

Синдикатот, во име на работниците, остави простор од десетина дена за добивање на позитивен одговор. Во спротивно, најави радикализација на протестите и нивно преселување пред Владата, заедно со целокупните фамилии на работниците.

Придружи ни се

Капитал Банка