По усвојувањето на измените на Законот за минимална плата, СИЕР и синдикатот на УПОЗ изготвија предлог за оценување на уставноста на дел од одредебите, кој ССМ го поднесе до Уставниот суд во октомври 2017 година.

На последната седница од 20.02.2018 Уставниот суд расправаше и одлучи да поведе постапка за оценување на уставноста на член 2, став 1, 2, 3 и 4, како и член 7б, став 1 и 3 од законот.

Ова е потврда дека беа исправни сите аргументи што СИЕР ги поднесуваше против одредбите со кои се условува минималната плата со остварен нормиран учинок (член 2, став 1). Со закон мора да биде гарантиран минимален износ кој работникот го остварува како основна плата за полно работно време, а со вметнувањето на нормираниот учинок фактички нашиот закон не гарантира таков минимален износ. Тогаш се поставува прашањето зошто би се утврдувала минимална плата со закон, ако не се гарантира дека работникот ќе ја прими, односно работодавачот мора да ја исплати.

Покрај ова, се изразува сомнеж и за ставовите 3 и 4 од член 2, кои се поврзани со нормораниот учинок.. Членот 7б, став 1 и 3 пак се однесува на глоби за работодавецот доколку не утврди нормиран учинок и не издаде потврда за остварен нормиоран учинок.

Со ваквата регулатива само се создадоа забуни кај работниците, работодавачите, инспекторатот и т.н. Затоа, Министерството мораше да објави дополнителни упатства за примена на законот, но тие не ја исправаат неправдата вградена во самиот закон. Очекуваме Уставниот суд да го стори тоа.

Придружи ни се

Капитал Банка