На 3.февруари се одржа средба на дел од Синдикалниот одбор од Еурокомпозит Прилеп со генералниот директор, на која присуствуваа и претседателот и генералниот секретар на СИЕР, како и директорот на друштвото Композитна опрема.

Средбата беше побарана од страна на синдикатот поради нарушена динамика на исплата на платите, како и заради информирање за обезбеденост со работа во наредниот период.

 

Во отворен разговор, двете страни ги изнесоа своите гледишта за проблемите, со цел да се влијае за подобрување на општите состојби, работна дисциплина, поекономично и поефикасно работење.

Работниците добија уверувања дека за заостанатите побарувања (регрес за 2016 и надоместоци за прекувремена работа) е направена динамика и истите ќе се реализираат. Се очекува обезбеденоста со работа да продолжи, а со тоа и задржување на динамиката за исплата на плати.

Исто така, синдикалните претставници добија одговори на повеќе прашања поставени на средбата, а нивниот интерес беше исклучиво заради тоа што се самите работници најзаинтересирани фирмата што поуспешно да работи, а нивната иднина да биде обезбедена. Ова, особено поради тоа што Еурокомпозит е последната фирма-загубар, која нема решен статус, но е во активна состојба и релативно успешно преживува.

Придружи ни се

Капитал Банка