Раководството на Синдикатот за индустрија, енергетика и рударство на Македонија на 13.02.2018 оствари средба со Мила Царовска, министер за труд и социјална политика, на која се разговараше за барањата на СИЕР утврдени на претходниот Конгрес.

На средбата се разговараше за следните прашања:

  • Законот за работни односи, каде бараме измени во делот договори за вработвање на определено време (укинување на рокот од 5 години).
  • Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, каде бараме враќање на правото на надоместок од државата на 5 години пред пензионирање во случај на технолошки вишок или стечај.
  • Законот за ПИО и проблемите поврзани со бенифицираниот стаж, каде бараме поголеми олеснувања за пензионирање и поврзување на бенифицираниот стаж со различни степени, утврдување на бенифициран стаж за определени работни места каде сега го нема, како и поголема контрола за примената на регулативата која е на сила. Воедно, позицијата на СИЕР е дека не се прифаќа продолжување на старосната граница за пензионирање.

Како што е познато, со измена на Законот за ПИО што ја издејствува СИЕР пред пет години, се направи поврзување на стажот само за рударите во подземна експлоатација, така што се овозможи порано пензионирање. Сега бараме тоа правило да се прошири на сите работни места со бенифициран стаж, со што истиот ќе се смета поврзано, без оглед колку време работникот работел на работни места со различен степен на бенифиција.

На нашите барање Министерството одговара со подготвување на нови измени на законот, со кои ќе се поправи регулативата, односно ќе се дадат поповолни услови за пензионирање за работниците со бенифициран стаж, што се очекува наредната година.

Исто така, со измените на Законот за ПИО  усвоени деновиве ќе се објави нова Методологија за утврдување на места со бенифициран стаж, така што ќе може да се утврдуваат дополнителни работни места за кои до сега нема утврдено бенифициран стаж.

Што се однесува до Законот за работни односи, информациите се дека Владата ќе пристапи кон изготвување нов закон, со целосна вклученост на социјалните партнери и јавноста. За тоа ќе биде потребно повеќе време.

Придружи ни се

Капитал Банка