Претседателот и генералниот секретар на СИЕР заедно со претседателот на СО при МРТ остварија работна средба со Дамјан Манчевски, Министер за информатичко општество и администрација. Главен предмет на разговорот беше стаусот на Македонската Радио Телевизија и нејзините вработени по изменувањето на Законот за аудио и аудиовизуелни дела.

Имено, во рамките на јавната расправа по предложените измени на законот, синдикатот беше на позиција дека статусот на националниот сервис треба да се регулира со посебен закон и да се издвои од Законот за аудио и аудиовизуелни дела, а прашањата за вработените да бидат исто така регулирани во посебниот закон, а не како до сега во различни закони (за јавни службени, за јавна администрација, ЗРО и т.н). Меѓутоа, во оваа фаза се отиде на измени на законот со кој не се остварува ова барање, иако истото не е отфрлено.

Имено, министерот изрази свесност за потребата и спремност да се оствари барањето со изготвување нов закон во блиска иднина, за што побара поширока јавна расправа и поддршка. Ваквиот тип закони подлежи на мониторинг од ЕУ, од каде се добива поддршка за нашите барања доколку има и поширока јавна подршка за истите.

Во меѓувреме ќе се применува изменетиот Законот за аудио и аудиовизуелни дела, што ќе значи промена на Програмскиот Совет на МРТ и неговите надлежности. Се очекува во истиот да бидат избрани докажани професионалци на кои на прво место ќе им биде интересот на куќата, а не какви било партиски или приватни интереси. Измените на законот се усвоени на Владата и одат во собраниска процедура.

Придружи ни се

Капитал Банка