Со помош на синдикалци од данскиот синдикат 3Ф

 

СИЕР има долгогодишна соработка со еден од најголемите синдикати во Данска – 3Ф. Со овој синдикат сме имале неколку заеднички проекти, од кои низ заеднички семинари, посети на синдикални организации и размена на искуства како во Македонија, така и во Данска сме стекнале многу нови знаења од областа на правата од работен однос и нивната одбрана и заштита во приватниот сектор.

Во 3Ф постои посебна секција наречена Глобални Колеги, составена од синдикални претставници со големо практично искуство, кои остваруваат меѓународна соработка, но се најмногу заинтересирани за директно запознавање и соработка со синдикалните претставници на ниво на синдикална организација.

Овој викенд (30.јуни-2.јули) колегите Мадс Лунд, Бо Хансен, Хенрик Андерсен и колешката Бојка Павловиќ одржуваат семинар на тема Техника на преговори и колективно договарање за синдикалните претставници на СИЕР. Семинарот се одржува во Маврово, каде освен теоретската и практична обука, се водат живи дискусии за карактеристиките на пазарот на трудот и остварувањето на правата од работен однос во Македонија и во Данска.

 

Учесниците на семинарот очекуваат да добијат дополнителни знаења и вештини што може практично да се користат во секојдневната работа, а особено во остварување поуспешен дијалог и преговарање со работодавачите.

      

Придружи ни се

Капитал Банка