На 31.јануари работниците од Југохром го изразија своето незадоволство и разочараност од ситуацијата во која се наоѓаат со блокада на автопатот Скопје-Тетово кај наплатаната рампа Желино.

Со масовно присуство тие уште еднаш потсетија дека се колатерални жртви на состојбата во која ниту е подобрен квалитетот на воздухот во Тетово и тетовско, ниту фабриката работи, ниту тие можат да остваруваат основна егзистенција. Нивните договори за работа истекуваат на денот на протестот и неизвесноста дека поворно ќе бидат невработени е присутна.



Работниците бараа од надлежните да се дозволи фабриката да продолжи да работи со намален режим сé до завршување на системот за отпрашување, кој е во изградба. Главниот акционер, како потврда дека нема да се откаже од инестицијата, нуди и банкарски гаранции, но надлежните не покажуваат никаква заинтересираност за тоа. Затоа, останува товарот да падне повторно главно на плеќите на работниците. Тоа значи дека шетата ќе биде повеќекратна, бидејќи со останување без работа тие ќе паднат на товар на институциите, фабриката нема да остварува ни производство, а со тоа ниту извоз и девизни приливи во државата, па се поставува прашање дали акционерите ќе останат заинтересирани да ги вложат неопходните средства за изградба на филтрите, за да продолжат работите во иднина.

Протестот имаше добра медиумска покриеност, интерес за ситуацијата на работниците покажаа сите национални и локални медиуми. Останува и понатаму работниците да ги применуваат само средствата што им стојата на располагање: преку протести и блокади да потсетуваат на неодржливоста на нивната положба и да вршат притисок за разрешување на овој проблем.

Придружи ни се

Капитал Банка


 
        

        


 

 

Поврзани вести од др.медиуми

1TV 16.07.2018

Вработените од ОХИС протестираа за неисплатените 24 плати
----------------------------------------

1TV 03/10/2018

Во ЕУРОКОМПОЗИТ стигна списокот за технолошки вишок, но нема пари за отпремнини

-----------------------------------------

Телма 16.07.2018

Фени излегува од стечај, потврден планот за реорганизација

-------------------------------------------

24 Вести 05.07.2018

Вработените од Еурокомпозит и владата се договорија

---------------------------------------------

Телма 05.07.2018

Еурокомпозит го прекинаа штрајкот

---------------------------------------------

24 Вести  07.05.2018

Продолжуваат препукувањата во "ФЕНИ"

----------------------------------------------

Телема 22.04.2018

Југохром нема да проработи во предвидениот рок

-----------------------------------------------

Телма 14.03.2017

ГСОЛ избран за инвеститор за Фени

------------------------------------------------

Телма 26.02.2017

Фени почна со работа

-------------------------------------------------

Телма 07.02.2018

Доверителите одлучија Фени да се реорганизира

--------------------------------------------------

Телма 02.02.2018

Фени почнува со работа

--------------------------------------------------

24Вести 26.01.2018

Се очекува Фени да стартува со работа од 1 Фебруари

--------------------------------------------------

Телма 26.01.2018

Доверителите на Фени ќе прават увид во побарувањата

--------------------------------------------------

Телма  05.01.2018

Фени даден на оглас

--------------------------------------------------

24 Вести  22.12.2017

Швајцарски Фос Асет менаџмент: Сакаме иднина за