Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, заменикот на претседателот на Владата и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и претставникот од Министерството за животна средина, Лирим Шабани, денеска се сретна со претставниците на Синдикатот на работници во комбинатот Југохром, Бајрам Амити и Светислав Спасовски, како и со генералната секретарка на СИЕР, Маре Анчева.

На средбата се разговараше за можноста за рестартирање на комбинатот Југохром, којшто не работи веќе 8 месеци, поради што 1.200 вработени се без егзистенција.

 

„Решение за проблемот има, ако постои волја од сите засегнати страни. Проблемот треба да се реши институционално. Ќе направиме се, преку активна посветеност, да помогнеме ова прашање да се реши“, рече претседателот Заев.

Претставниците на Синдикатот на работници на Југохром го изложија проблемот со којшто се соочени изминатите месеци, по престанокот на работа на комбинатот. Се пожалија на несериозен однос кон прашањето изминатите месеци, поради што цели семејства гладуваат, а некои од нив заминале од родните огништа. Амити, Спасовски и Анчева во име на работниците од Југохром изразија верба дека новата Влада ќе најде решение во интерес на сите страни и на граѓаните.

На средбата премиерот Заев и владините претставници соопштија дека Владата со сериозност пристапува кон секое прашање што се однесува на потребите на граѓаните.

„Овде станува збор за можноста за обезбедување плати за 1.200 луѓе. Но исто така интерес и на општеството е овој единствен индустриски капацитет во тетовскиот регион да работи. Со тоа ќе прави профит, ако работи добро, ќе има можност и за повисоки плати на вработените и за нови вработувања, а тоа ќе придонесе и кон развојот на економијата кон што сме силно определени. Но важно е, за здравјето и на работниците и на сите граѓани во регионот, да бидат задоволени и потребните еколошки стандарди. Како што ветивме, еден од првите чекори што ги правиме е нашата заложба да помогнеме во решавањето проблемот со работата на Југохром“ рече претседателот Заев.

На средбата разгледани се повеќе приоди за надминување на проблемот. Премиерот Заев најави дека по денешната средба со синдикалните преставници на вработените во Југохром, тој и претставниците на Владата ќе се сретнат и со менаџментот на фабриката, во врска со поставувањето на еколошките филтри, како и со еколошките здруженија.

 Извор: http://www.vlada.mk/

Придружи ни се

Капитал Банка


 
        

        


 

 

Поврзани вести од др.медиуми

1TV 16.07.2018

Вработените од ОХИС протестираа за неисплатените 24 плати
----------------------------------------

1TV 03/10/2018

Во ЕУРОКОМПОЗИТ стигна списокот за технолошки вишок, но нема пари за отпремнини

-----------------------------------------

Телма 16.07.2018

Фени излегува од стечај, потврден планот за реорганизација

-------------------------------------------

24 Вести 05.07.2018

Вработените од Еурокомпозит и владата се договорија

---------------------------------------------

Телма 05.07.2018

Еурокомпозит го прекинаа штрајкот

---------------------------------------------

24 Вести  07.05.2018

Продолжуваат препукувањата во "ФЕНИ"

----------------------------------------------

Телема 22.04.2018

Југохром нема да проработи во предвидениот рок

-----------------------------------------------

Телма 14.03.2017

ГСОЛ избран за инвеститор за Фени

------------------------------------------------

Телма 26.02.2017

Фени почна со работа

-------------------------------------------------

Телма 07.02.2018

Доверителите одлучија Фени да се реорганизира

--------------------------------------------------

Телма 02.02.2018

Фени почнува со работа

--------------------------------------------------

24Вести 26.01.2018

Се очекува Фени да стартува со работа од 1 Фебруари

--------------------------------------------------

Телма 26.01.2018

Доверителите на Фени ќе прават увид во побарувањата

--------------------------------------------------

Телма  05.01.2018

Фени даден на оглас

--------------------------------------------------

24 Вести  22.12.2017

Швајцарски Фос Асет менаџмент: Сакаме иднина за