Претседателството на СИЕР ја одржа својата петта седница на 19.09.2017 година во Работничкиот дом, во салата на 9.кат.

На дневен ред беа следните прашања:

-       Состојбите во ССМ по промената на претседателот и враќањето на 4-те исклучени синдикати;

-       Промените во законодавството и позициите на СИЕР;

-       Внатрешни состојби и проблеми на СИЕР.

Претседателството на СИЕР расправаше за тековните состојби и активности во Сојузот на синдикатите, потребата од одржување на вонреден конгрес и статутарните обврски во врска со тоа. Имено, Статутот на ССМ предвидува свикување вонреден конгрес во рок од два месеци од назначувањето в.д. претседател, така што активностите мора да се забрзаат.

Поголемо внимание Претседателството посвети на промените во законската регулатива, особено на Законот за минимална плата, за кој ЕСС утврди една верзија, а во собраниска процедура се разгледува друга верзија, со повторно вметната условеност на минималната плата со остварен нормиран учинок. СИЕР вложи многу напори за презентирање на сите аргументи пред сите надлежни чинители зошто минималната плата неможе да се поврзува со норми кои ги пропишуваат работодавачите, но тоа за жал не донесе плод. На реакцијата до јавноста во врска со ова прашање СИЕР не доби поддршка од другите синдикати во Македониа, тие останаа без реакции.

Освен тоа, СИЕР комуницира со претставници на Владата и по сите дуги прашања кои се содржани во резолуциите што ги усвои конгресот, како што се регулативата за договори на одредено време до 5 години, враќање на правото на заштита од невработеност на 5 години пред пензионирање, зголемување на отпремнините при отказ од деловни причини, и т.н. Тука се надоврзува и барањето за решавање на проблемите во примената на Правилникот за бенифициран стаж. По сите овие прашања постои потврда за отвореност за соработка и вклучување во изнаоѓањето најсоодветни решенија од страна на Министерството за труд и социјална политика.

Сепак, Претседателството на СИЕР го истакна своето незадоволство од начинот на кој е променета содржината на Законот за минимална плата и заклучи дека СИЕР ќе продолжи секогаш да биде знаменосецот во борбата за подобра позиција на трудот, ќе ги изнесува своите аргументи и ако треба ќе органзира активности на притисок, ако аргументите нема кој да ги слушне.

На оваа седница Претседателството расправаше и за одредени внатрешни прашања, проблеми на одредени синдикални организации, кадровски прашања и по нив донесе соодветни заклучоци.

Придружи ни се

Капитал Банка