Откако Советот на ССМ на седницата одржана на 13.ноември го разреши Живко Митревски и го именуваше Дарко Димовски за в.д. претседател со задача да организира одржување на вонреден конгрерс во рок од два месеци, одлуката на Советот беше верификувана со Решение на министерот за труд и социјална политика. Меѓутоа, ова решение без никаков основ, спротивно на Законот за едношалтерски систем, не беше запишано во Централниот регистар на РМ.

 

Наместо да поведе легелна постапка за обжалување на решението, најверојатно поради немање на аргументи за таква постапка, се започна хајка против претседателите на СИЕР, УПОЗ, СУТКОЗ и Агро Синдикатот, како и смислени чекори против самите синдикати. На седница на Претседателството на ССМ одржана на 26.декември, на која не беа поканети четирите  претседатели, се донела одлука за суспензија на овие синдикати од членство во ССМ на три месеци. Исто така, на седница на Советот на ССМ закажана за 28.декември, повторно без покани за членовите не Советот од овие синдикати, а со присуство на само 21 член на Советот од вкупно 52, променет е значително Статутот на ССМ и донесена е одлука за исклучување на СИЕР, УПОЗ, СУТКОЗ и Агро Синдикатот од членство во ССМ. Ова прашање не е поставено ниту во предложениот дневен ред за седницата, односно поствено е како дополнителна точка на самата седница. За исклучување од присутните 21 член на Советот гласале 15.

Претседателството на СИЕР се состана на 29.декември, надвор од Работнички дом, бидејќи на членовите не им беше дозволено да влезат во зградата. Истото се случи и со членовите на органите на другите синдикати.

Вееднаш по новогодишниот празник СИЕР и другите три синдикати добија сознанија дека, без оглед што одлуките за исклучување не се правосилни (освен што не се во склад со статут) и без оглед на тоа што по ниеден закон не е дозволено присилно отстранување од работните простории, во ССМ се спрема токму таква акција против нив. Поради тоа, на 5.јануари членовите на органите на овие синдикати влегоа во Работнички дом без да ја попречуваат работата на другите синдикати и ССМ,  и објавија дека нема да ја напуштаат зградата се додека правно не се разреши проблемот со исклучувањето и присилното исселување. Рано наутро на 6.јануари во 4,30 часот голема група од триесетина неунуформирани и необележени лица со насилно разбивање на вратата влегоа во Работнички дом заедно со нарачателот на нивната услуга и со употреба на сила ги исфрлија синдикалците кои се затекле внатре. Членот на Претседтелството на СИЕР и Советот на ССМ од СИЕР Душко Цветковски од овој чин се здоби со повреди кои се документирани како од страна на лекар, така и од страна на полицијата.

Со употребата на сила не се застана тука. Поради повикот на четирите синдикати членството со протест да потврди дека Работничкиот дом треба да биде на членовите, а не приватизиран објект на поединци, на 9.јануари зградата и разрешениот претседател ги обезбедуваа не само редовни, туку и специјални полициски сили. Од обични членови и работници, кои се собраа на големиот студ во одбрана на правдата и вистината. Своите постапки Митревски ги правдаше со ново решение од Минситерството за труд со кое се потврдува неговата позиција како претседател. За жал, не само претставниците на оштетените синдикати, туку и правните стручњаци и адвокати, по увидот во документот, констатираа дека тој е донесен спротивно на закон и врз основа на изјави кои не преставуваат никаков правен документ ниту статутарен акт.

Оттогаш на СИЕР, СУТКОЗ, УПОЗ и Агро Синдикатот им е оневозможено нормално да работат, бидејќи сите средства, архиви и документи им се недостапни.

Овие синдикати беа принудени да организираат привремен работен простор за колку-толку нормално работење. Освен тоа, тие поведоа законски постапки и процедури заради заштита на своите права.

За состојбата се исвестени сите европски и светски синдикални асоцијации каде членуваме. На 12.јануари во Брисел се одржа специјален состанок на европските синдикални асоцијации посветен на состојбата во синдикалното движење во Македонија. Од состанокот е испратено писмо како до ССМ, така и до четирите синдикати, кое е доставено до јавноста во Македонија. Најавено е доаѓање на делегација од највисоките претставници до средината на февруари.

Во меѓувреме, СИЕР, СУТКОЗ, УПОЗ и Агро Синдикатот продолжуваат со легални средства и низ жалбени и судски постапки да се борат за своите законски права кои им се грубо нарушени.

Придружи ни се

Капитал Банка


 
        

        

 

 

 
 

Поврзани вести од др.медиуми

Телма 28.07.2019

Загинатиот рудар бил вратен од пензија поради недостаток на минери

--------------------------------------

Телма 27.07.2019

Еден рудар загина, двајца повредени во рудникот "Тораница" кај Крива Паланка

--------------------------------------

Телма 25.06.2019

Анѓушев се сретна со поранешни вработени на ОХИС

---------------------------------------

1TV 16.07.2018

Вработените од ОХИС протестираа за неисплатените 24 плати
----------------------------------------

1TV 03/10/2018

Во ЕУРОКОМПОЗИТ стигна списокот за технолошки вишок, но нема пари за отпремнини

-----------------------------------------

Телма 16.07.2018

Фени излегува од стечај, потврден планот за реорганизација

-------------------------------------------

24 Вести 05.07.2018

Вработените од Еурокомпозит и владата се договорија

---------------------------------------------

Телма 05.07.2018

Еурокомпозит го прекинаа штрајкот

---------------------------------------------

24 Вести  07.05.2018

Продолжуваат препукувањата во "ФЕНИ"

----------------------------------------------

Телема 22.04.2018

Југохром нема да проработи во предвидениот рок

-----------------------------------------------

Телма 14.03.2017

ГСОЛ избран за инвеститор за Фени

------------------------------------------------

Телма 26.02.2017

Фени почна со работа

-------------------------------------------------

Телма 07.02.2018

Доверителите одлучија Фени да се реорганизира

--------------------------------------------------

Телма 02.02.2018

Фени почнува со работа

--------------------------------------------------

24Вести 26.01.2018

Се очекува Фени да стартува со работа од 1 Фебруари

--------------------------------------------------

Телма 26.01.2018

Доверителите на Фени ќе прават увид во побарувањата

--------------------------------------------------

Телма  05.01.2018

Фени даден на оглас

--------------------------------------------------

24 Вести  22.12.2017

Швајцарски Фос Асет менаџмент: Сакаме иднина за