Неизвесноста која го мачеше секој работник од Фени Индустри во изминативе месеци е надмината. Денес тие го запознаа новиот извршен директор и претставник на новите сопственици, компанијата ЕНЕКОД од Бугарија.

Како што знаеше целата македонска јавност, Фени Индустри беше на работ од покренување стечајна постапка, откако доверителите ја блокираа фирмата и побараа наплата на своите побарувања. На ваквите најави се вклучи Владата на РМ, преку попретседателот задолжен за економски прашања и координација на економски ресори, г-дин Кочо Анѓушев. Тој изврши најголем притисок соствениците да не размислуваат за стечајни постапки, туку да го понудат капиталот на инвеститор кој ќе ги прифати сите обврски, тешки неколку десетици милиони евра. Синдикатот беше во постојана комуникација со потпретседателот на Владата и се обидуваше да го задржи мирот меѓу вработените, чие нетрпение разбирливо растеше секој ден.

 

Откако сопствениците се договориле со новиот инвеститор, денес лично потпретседателот на Владата Анѓушев, одговарајќи на поканата на синдикатот да го посети Фени Индустри, го претстави на работниците претставникот на инвеститорот и нов извршен директор на Фени Индустри, господин Рајчо Кацаров. На отворениот состанок на синдикалното собрание  Анѓушев и Кацаров изразија безрезервен оптимизам за понатамошното успешно работење на Фени Индустри и брзо враќање на темпото на производство како во најуспешните времиња.

Се очекува Фени Индустри да започне со редовно производство штом пристигне порачаниот лигнит, како неопходна состојка. Другите репроматеријали, според инвеститорот, се обезбедени. Платата за септември ќе биде исплатена наредната недела и сите следни плати ќе се плаќаат во законски рок. Господинот Кацаров изрази отвореност и спремност за соработка и дијалог со синдикатот, а ние секако ќе го држиме за збор и штом ќе се доведе работењето во нормала ќе побараме усогласување и потпишување на колективниот договор.

Придружи ни се

Капитал Банка


 
        

        


 

 

Поврзани вести од др.медиуми

1TV 16.07.2018

Вработените од ОХИС протестираа за неисплатените 24 плати
----------------------------------------

1TV 03/10/2018

Во ЕУРОКОМПОЗИТ стигна списокот за технолошки вишок, но нема пари за отпремнини

-----------------------------------------

Телма 16.07.2018

Фени излегува од стечај, потврден планот за реорганизација

-------------------------------------------

24 Вести 05.07.2018

Вработените од Еурокомпозит и владата се договорија

---------------------------------------------

Телма 05.07.2018

Еурокомпозит го прекинаа штрајкот

---------------------------------------------

24 Вести  07.05.2018

Продолжуваат препукувањата во "ФЕНИ"

----------------------------------------------

Телема 22.04.2018

Југохром нема да проработи во предвидениот рок

-----------------------------------------------

Телма 14.03.2017

ГСОЛ избран за инвеститор за Фени

------------------------------------------------

Телма 26.02.2017

Фени почна со работа

-------------------------------------------------

Телма 07.02.2018

Доверителите одлучија Фени да се реорганизира

--------------------------------------------------

Телма 02.02.2018

Фени почнува со работа

--------------------------------------------------

24Вести 26.01.2018

Се очекува Фени да стартува со работа од 1 Фебруари

--------------------------------------------------

Телма 26.01.2018

Доверителите на Фени ќе прават увид во побарувањата

--------------------------------------------------

Телма  05.01.2018

Фени даден на оглас

--------------------------------------------------

24 Вести  22.12.2017

Швајцарски Фос Асет менаџмент: Сакаме иднина за