Синдикалното раководство на Еурокомпозит 11.Октомври, под силен притисок на вработените, донесе одлука уште еднаш да се активира штрајкот, не гледајќи друг излез од и онака безизлезната ситуација.

Тие одржаа јавен протест на 18.10.2017, но од страна на полицијата не им беше дозволено да ја блокираат клучката на влезот во Прилеп.

На барање од синдикатот, на 19.10.2017 раководството беше повторно примено од потпретседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација на економски ресори, г-дин Кочо Анѓушев, во обид да се најде какво било одржливо решение за варботените.

 

Меѓу другото, се разговараше и за социјален пакет за работниците кои би се согласиле да им престане работниот однос од деловни причини. Во врска со тоа, СИЕР уште еднаш посочи дека Владата немала доволно слух да го прифати нашиот предлог во врска со т.н. „закон за стечајците„ и да го остави отворен рокот за пријавување до 31.12.2017, со што би можеле да се опфатат и овие работници.

Во моментов, работниците ќе добијат помош во вид на една плата од Владата на РМ, но под услов штрајкот да се прекине и да се работи на порачките што ги има во моментов фирмата, со што би се обезбедила исплата на плата во наредните месеци. Синдикатот потсети и на неплатените придонеси за период од 2012 година наваму, за што Владата исто така мора да бара решение.

Еурокомпозит 11.Октомври е последното претпријатие „загубар„ и до сега не успеа ниту еден обид да се изнајде некакво одржливо решение за него.

Придружи ни се

Капитал Банка