Честитајќи ви го празникот на трудот, чувствуваме дека на 1.Мај секогаш мора да се потсетиме – зошто се празнува овој ден како Ден на трудот,  колку жртви, дури во крв и човечки животи се дадени во текот на многу десетлетја додека дошол моментот кога работниците во целиот свет можеле слободно да го празнуваат како свој најголем и светол празник.

 Да, денес живееме во ера на технологија и прогрес кој би требало да обезбедува добар и квалитетен живот за сите работници. Но дали е така? Одамна се минато деновите кога работникот се бореше за 8-часовно рабоно време, а во новата ера повторно овој проблем се враќа во нашите животи. Многу работници во Македонија работат подолго од 40 часа неделно, сонуваат за 5-дневна работна недела, а сепак заработуваат недостоинствени плати.

 

 Човекот отиде во вселената, роботи влегоа во производните хали, но тоа не ја олесни позицијата на трудот, ниту животот на работникот во голем дел од светот. Борбата за работничките права и човечки општите вредности неможе да престане, напротив, се засилува. Колку што светот, технологијата одат напред, толку расте корпорациската алчност, политичките корупции, притисоците врз синдикатот и врз работниците. 

 Денес е подеднакво важно да се опстои цврсто во заштита и одржување на заедничките и синдикални вредности:

-       Одбрана на работничките права

-       Јакнење на моќта на синдикатот

-       Борба со глобалниот капитализам

-       Борба за достоинствен живот на работникот

 Во оваа борба ниеден работник, ниеден синдикат неможе да успее сам. Затоа, работниците се организираат во синдикати, а синдикатите се здружуваат заедно за поголема сила и моќ. Затоа, конечно, да ги здружиме силите, во нашата држава, во Европа, во светот – да застанеме сите заедно во одбрана и зачувување на заедничките вредности, а пред сé достоинството на трудот.

 

 

ДА ЖИВЕЕ 1.МАЈ

ДА ЖИВЕЕ СИНДИКАТОТ

ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА

Придружи ни се

Капитал Банка